Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, коментирајќи ги денешните изјави дека во Приштина се разгледува можноста за демаркација на границата со Србија, изјави дека тоа не може да се стори еднострано и дека за демаркација е неопходен договор на двете страни.
Американската разузнавачка агенција ЦИА, во последниот објавен извештај за Балканот, го опишува како „експлозив подготвен да експлодира“.
Европратениците од редовите на Социјалдемократската група во Европскиот Парламент, Тања Фајон и Кнут Флекенштајн, преку писмени соопштенија ги осудија изјавите на претседателот на Република Српска Милорад Додик со кои го негира геноцидот во Сребреница.
Претседателот на Словенија Борут Пахор има највисока месечна плата меѓу колегите од регионот, а најниска добива неговиот колега од Србија Александар Вучиќ.
Кога ќе дојде на гласање во грчкиот Парламент Договорот од Преспа ќе добие широко мнозинство, изрази убедененост спикерот на грчкиот законодавен дом, Никос Вуцис, говорејќи за грчкото радио „Реал фм“.
Бетонскиот потпорен ѕид кој вчера делумно се урна на Коридорот 10 во Грделичка клисура, денеска поради лизгање на земјиште целосно е урнат.
Лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти тврди дека намерата на претседателите на Косово и Србија, Хашим Тачи и Александар Вучиќ, е да го „боснизираат“ Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Членовите на Комисијата на косовска влада за демаркација на границата, со собирање документација, почнаа со подготовки за обележување на линијата со централна Србија, изјави претседателот на комисијата Шпејтим Булиќи.
Од денеска започнува уривањето на куќите што претрпеа сериозна штета во пожарите во источниот дел на областа Атика на 23 јули.
Со обраќање до јавноста, грчкиот премиер, утре, ќе го означи крајот на меморандумската политика. Утрешниот ден е симболичен за Грција, бидејќи по три години, завршува програмата за финансиска поддршка, што според грчката влада значи и крај на 8-годишната економска криза.