Пратеникот на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), Илир Деда вели дека косовскиот претседател Хашим Тачи, со неговите заложби за корекција на границите, не се разликува од поранешните претседатели на Србија и Хрватска, Слободан Милошевиќ и Фрањо Туѓман, јави дописникот на МИА од Приштина.
По пет месеци минати во затвор во Турција, двајцата грчки војници кои во март залутаа на турска територија, минатата ноќ се вратија во Грција со владин авион.
Српскиот министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ синоќа ја искоментира изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи за непроменливост на границите на Западен Балкан..
Уште две лица починаа како последица на западно- нилскиот вирус во изминатата недела, па бројот на починати од почетокот на годината се зголеми на 11, се вели во извештајот на Институтот за јавно здравје „д-р Милан Јовановиќ Батут".
По повод 17-годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор, поранешниот албански амбасадор во Република Македонија, Арбен Чејку смета дека договорот има големо значење бидејќи го запрел граѓанскиот конфликт меѓу двете најбројни етнички заедници во Македонија.
Фабрика за месо е затвроена во Тирана, при што се запленети 528 килограми месни производи произведени во нехигиенски услови.
Германија веќе „не разграничи" во моментот кога призна суверено и неделиво Косово, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ, како одговор на прашањето како тој гледа на ставот на канцеларката Ангела Меркел дека нема промени во границите на Балканот, јави Танјуг.
Не смееме да си играме со границите, порачуваат жителите на српските села со мнозинско албанско население и на албанските села каде што мнозинство од населението е српско
Шефот на преговарачки тим на Приштина Авни Арифи, изјави дека преговарачкиот процес меѓу Белград и Приштина е веќе некое време „клинички мртов", за што, како што вели, одговорни се Белград и Брисел.
Шефот на српската диплометија Ивица Дачиќ изјави дека се согласува со германската канцеларка Ангела Меркел дека нема да има промена на границите на Балканот.