САД бараат креативност и флексибилност кога се во прашање улогата и овластивањата кои би требало да ги има Заедницата на српски општини (ЗСО) во Косово, соопштија од амбасадата на САД во Приштина.
Од новата 2018/2019 учебна година во училиштата во Албанија се забранува користење мобилни телефони.
Албанскиот Институт за статистика ИНСТАТ соопшти дека во Албанија од година во година има се помалку ученици во основото и средното образование и студенти на факултетите.
Со уривање на 61 дивоградби, кои се сметаат за опасни за јавната безбедност, грчката Влада започнува со „битката“ против нелегално изградените објекти.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска по седницата на косовскиот Совет за национална безбедност ги предупреди Србите од северно Косово дека Приштина ќе одговори на нивниот можен обид за прогласување на автономија.
Српскиот претседател Александар Вучиќ за утре претпладне свика итна седница на Советот за национална безбедност на Србија, „поради состојбата на северно Косово“, јави српскиот јавен сервис РТС.
Љајиќ посочи дека четирите земји ќе продолжат да инсистираат на укинувањето на преостанатите царински и вонцарински бариери кои Приштина од порано ги има воведено.
Првиот човек на грчката терористичка организација „17 ноември“, Димитрис Куфодинас, кој е осуден на 11 доживотни затворски казни, утрово на негово барање е префрлен од атинскиот затвор Коридалос, во т.н. земјоделски затвор во Волос.
Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ соопшти дека полицијата на автопатот Белград-Ниш запрела повеќе од 400 хрватски навивачи, кај кои при контрола пронашла поголем број дрвени и метални палки, неколку секири, како и помало количество на наркотици.
Пилотите, стјуардесите и авиомеханичарите на „Кроација ерлајнс“ на 8 август ќе стапат во штрајк, соопшти Организацијата на работниците од таа компанија - ОРЦА.