Србија засега не доби никаква понуда за решавање на проблемот за Косово, изјави директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, додавјќи дека кога не повидок ќе има некакво решние, властите ќе ги инфромираат граѓаните за тоа.
Еден 65-годишен маж е приведен како главен осомничен за предизвикување на пожарите во источна Атика, во кои загинаа 91 лице, а 25 луѓе се водат како исчезнати.
Во овој момент САД и Русија апсолутно го поддржуваат дијалогот меѓу Белград и Приштина, што се води со посредство на Брисел и се подготвени да го прифатат тоа што ќе биде договорено, изјави српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.
Противпожарната служба на Грција вечерва го соопшти официјалниот број на исчезнати лица во катастрофалните пожари што во понеделникот го зафатија источниот дел на областа Атика. Вкупно 25 лица се водат за исчезнати, а 91 го загубија животот, јави дописничката на МИА од Атина.
Милионите туристи на копно и се повеќето мега крузери, јахти и други пловни објекти се закана за животот во Јадранското Море, бидејќи тие го загадуваат крајбрежјето и морското дно.
Мал авион се урна денеска во областа Бовец, во северозападниот дел на Словенија, при што загина словенечки државјанин, соопшти Службата за цивилна заштита и управување со вонредни ситуации.
По силното невреме што претпладнево ја зафати Атина и покрај тоа што не траеше долго, но беше со голем интензитет, голем дел од улиците во грчката престолнина се поплавија, неколку атински населби се без електрична енергија, а противпожарната служба добила 190 повици за помош, јави дописничката на МИА од Атина.
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека рускиот и францускиот претседател, Владимир Путин и Емануел Макрон ќе пристигнат во Србија пред крајот на годината.
Српскиот опозициски политичар Вук Јеремиќ денеска го обвини претседателот Александар Вучиќ дека планира референдум за статусот на Косово, кој би се одржал паралелно со предвремени парламентарни избори
Љуљзим Баша, лидерот на албанската опозициска Демократска партија, рече дека неговиот главен политички опонент, лидерот на владејачките социјалисти и актулен премиер Еди Рама, е „ водач на правосудниот октопод кој ги заштитува и не ги казнува корумпираните политичари поврзани со криминалот“.