Портпаролот на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос најави дека во рамките на планот за справување со последиците од пожарот, владинито Кабинет подготвува нови пакет мерки за сите настрадани, јави дописничката на МИА од Атина.
Од 187 колку што беа вчера, денеска бројот на повредени во катастрофалните пожари во Грција се намали на 64 од кои 11 се во сериозна состојба.
Доколку Србија сега не го реши парашањето за Косово, по 20 години ќе загуби се, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.
Спасените девојчиња од пожарите во областа Атика, кои таткото ги виде во телевизиски прилог и тврдеше дека се неговите ќерки, сепак не се деветгодишните близначки, а тие и официјално се водат за исчезнати.
Унгарија испрати 30 полицајци во Македонија и 15 во Србија, со задача да патролираат заедно со македонските и српските погранични служби и да спречуваат илегален премин на границите.
Околу 200 инженери од Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција, веќе започнаа со регистрација на штетите на објекти во погодените населби од пожарот.
Од почетокот на јуни во Србија се регистрирани 41 случај на лица заболени од Западнонилска трска, од кои тројца починале, соопшти денеска директорката на српскиот Институт за јавно здравје „Др. Милан Јовановиќ - Батут“, Верица Јовановиќ.
Психолози од грчкиот центар за контрола и превенција на болести, како и од грчката противпожарна служба им стојат на располагање за пружање психолошка поддршка на лицата кои претпеа материјални штети во пожарот или загубија членови на семејствата.
Бројот на загинатите во пожарите во регионот Атика се искачи на 80, откако еден 84-годишен маж им подлегна на повредите во атинската болница, каде што беше пренесен со сериозни изгореници.
Грчкиот митропполит Амвросие на свој блог ги обвини премиерот Алексис Ципрас и неговиот атеизам дека се виновни за катастрофалните пожари во кои загинаа најмалку 79 луѓе.