Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави денеска во Врњачка Бања дека косовскиот јазол е сложен и најави дека за иднината на Србија ќе решаваат самите граѓани.
Нова демократија смета дека Коѕијас направи грешка што дозволи националност Македонци и македонски јазик, смета поранешната шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани. Говорејќи за радиото „247“, таа вели дека за државјанството можело да стои „граѓани на“, наместо Македонци.
Очигледно е дека договорот ќе помине во грчкиот Парламент, во спротивно немаше да го потпишеме, вели портпаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчкото радио Реал фм.
Портпарол на Европската комисија изјави дека претседателот на институцијата Жан-Клод Јункер планира до крај да го одработи мандатот кој му истекува на есен следната година, додека Јункер претходно изјави дека нема да го продолжува.
Регионалниот совет за соработка (РСС) објави програма за доделување грантови во вкупна вредност од 1,62 милиони евра за унапредување на инфраструктурата и квалитетот на услугите на културните и авантуристичките рути во регионот на Западен Балкан.
Бруто домашниот производ (БДП) во Албанија во првите три месеци од годинава порасна за 4,45 отсто во однос на истиот период лани, објави Албанскиот институт за статистика.
Процесот на прочистување на правосудните институции и полицијата во Албанија од корумпирани личности или лица кои биле или се дел од криминални структури, не го мина уште еден уставен судија, со што практично Албанија остана без Уставен суд, бедејќи проверката не ја минаа повеќе од половина од неговите членови.
Заменик помошникот државен секретар за прашања на стабилноста и безбедноста на Соединетите Американски Држави (САД), Пит Мароко престојува денеска во Приштина, каде што утрово се сретна со косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, јави дописникот на МИА од Приштина.
Потписниците сметаат дека решението меѓу Македонија и Грција „ја обезбедува иднината на народите од двете земји, но и балканското соседство со мир, солидарност и заеднички развој“, целосно одговара на грчките позиции за сложено име со географска одредница и „јасно ги одредува политичките, историските и културните граници меѓу грчката Македонија и Северна Македонија“.
Договорот меѓу Скопје и Атина покажува дека упорните преговори и дипломатијата носат резултат, вели канцеларот на Австрија, Себастијан Курц во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ и ја потенцира австриската поддршка за европската перспектива на земјите од Западен Балкан.