Словенечкиот претседател Борут Пахор денеска го повика лидерот на Словенечката демократска странка Јанез Јанша во рок од една недела да го информира дали ќе прифати мандат за формирање на идната влада.
Албанскиот претседател Илир Мета и честиташе на Македонија за добиената покана за почеток на пристапните преговори за членство во НАТО.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека протерувањето на двајца руски дипломати од Грција нема добро да се одрази на односите меѓу Москва и Атина, јави руската новинска агенција ТАСС.
Стремежот на НАТО механички да се прошири во Европа не може да ја зацврсти безбедноста, а форсираното вовлекување на Македонија во тој воен блок, само потврдува дека „политиката на отворени врати“ станува самата на себе цел, изјави Марија Захарова, портпарол на Министерството за надворешни работи на Русија.
Документот до сега го имаат потпишано повеќето пратеници од партијата на Харадинај, која е дел од владејачката коалиција, заедно со Демократската партија на Косово, која е поранешна партија на косовскиот претседател Тачи и негова главна потпора.
Грција е посветена на добрите односи со Русија, но не може да толертира прекршување на меѓународното право, сметаат алтернативниот министер за надворешни работи и алтернативниот министер за одбрана на Грција.
Решение на спорот со името, согласно историјата и Меѓународното право, е предусловот за нашата зенја да се интегрира во НАТО и ЕУ, смета грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос .
Косовскиот претседател Хашим Тачи го смени претходниот став дека во изнаоѓањето решение за споровите со Србија нема црвени линии и нагласи дека Косово, сепак, има свои услови во завршната фаза од дијалогот со Белград, јави дописникот на МИА од Приштина.
Договорот од Преспа е корисен и за двете земји и со помош на европските програми ќе донесе и економски придобивки, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос на денешниот брифинг со новинарите, одговарјќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина.
Албанското Социјалистичко движење за интеграција (ЛСИ), чиј основач е актуелниот претседател на Албанија, Илир Мета денеска порача никогаш нема да биде дел од некакви пазарења за спас на Владата на премиерот Еди Рама.