- Ципрас нема политички легитимитет да ја обврзе земјата, бараме итна расправа во парламентот, за грчкиот народ да дознае, пред да се обврзе, што содржи договорот, вели Кумуцакос и додава дека нивното барање „ќе се потврди на најофицијален начин, доколку Ципрас му се јави на Мицотакис“.
Република Северна Македонија е името за кое се договориле двајцата премиери, а договорот меѓу двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе го потпишат во текот на викендот, веројатно во сабота во Преспа, на грчка територија, објавуваат медиумите во Грција.
Иако се споменува како една од земјите кои може да прифатат мигранти од блискоисточните земји, Албанија до сега нема добиено официјлано барање за тоа од Европската унија, изјави албанската заменик-министерка за внатрешни работи Ровена Вода.
Министерот за јавна администрација и локална самоуправа на Србија, Бранко Ружиќ беше меѓу бројните личности од Косово и од странство, кои присуствуваа на вчерашниот погреб во Приштина на екс-југословенската фудбалска легенда Фадиљ Вокри, јави дописникот на МИА од Приштина.
Шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати изјави дека Албанија ги завршила зададените обврски и оти е подготвена за почеток на преговорите за членство во ЕУ.
Како што пишува „Вјести“, во договорите за недвижностите како вредност е наведен износ од 2,5 милиони евра, што во овој случај претставува даночна основица.
Конференцијата ја организираат Регионалниот совет за соработка (РСС) заедно со Регионалната школа за јавна управа и Центарот за истржување на јавната управа од Австрија.
Разговорите меѓу Скопје и Атина околу прашањето за името, улогата на албанскиот политички фактор во Македонија во овој процес, како и ангажманот на Владата на премиерот Зоран Заев да изгради држава за сите граѓани на Македонија.
За тајна дипломатија и дека ги држи граѓаните во мрак, ја обвинуваат грчката влада од опозициската партија Нова демократија и бараат Ципрас итно да го извести парламентот за последните случувања во разговорите за името, јави дописничката на МИА од Атина.
Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас вонредно и претходно непланирано се наоѓа во премиерската палата на средба со Алексис Ципрас, објавија дел од грчките медиуми.