Нешто помалку од половина испитаници или 48,3 отсто се согласуваат дека грчката влада треба во овој момент да се стреми кон постигнување решение на прашањето за името, покажуваат резултатите од последното истражување на јавното мислење во Грција, спроведено од агенцијата „Rass“ за грчката телевизија „Action24“.
Директорот на Европската агенција за управување со надворешните граници, Фронтекс, Фабрис Леџери,го потврди фактот дека Албанија е на списокот земји од каде танзитираат нелегалните имигранти.
Поранешниот албански државен јавен обвинител Адриатик Лала, поднел барање за азил до турските власти, откако минатата недела се „засолни“ во оваа земја.
Не го даваме нашето име, но тоа не е работа на црквата, туку на Парламентот одбран од граѓаните, вели архиепископот на Грчката православна црква Јеронимос, во однос на прашањето за името.
Италијанскиот Инситут за мултиетнички студии соопшти дека во последните десет години регистрирани се околу 1,1 милион нови Италијанци, од кои 224.000 само лани.
По се изгледа се оддалечува можноста за договор во следните денови за решавање на спорот со името, коментира претставник на грчката влада, јави агенцијата АНА-МПА.
Голем пожар избувна попладнево во парк во северното атинско предградие Маруси.
Владата на Србија усвои Предлог закон за измена и дополнување на законот за националните совети на национлните малцинства, меѓу кои е и македонското малцинство, кој што наскоро ќе влезе во собраниска процедура.
Само доколку се исполнат и завршат сите предвидени услови од договорот, тогаш ќе се ратификува од парламентот, рече претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис.
Грчките медиуми во денешните текстови за прашањето за името акцентот го ставаат на очекуваниот телефонски разговор меѓу двајцата премиери Алексис Ципрас и Зоран Заев. Телефонскиот разговор, според новинарите во Грција би требало да се случи во текот на денешниот ден.