Американскиот потпретседател Мајкл Пенс и грчкиот премиер Алексис Ципрас синоќа телефонски разговарале за преговорите за изнаоѓање решение за името на Република Македонија, соопшти прес-службата на Белата куќа.
Јанис Бутарис, градоначалникот на Солун беше нападнат од толпа луѓе за време на церемонијата за одбележување на годишнината од геноцидот на Пондите – грчко население од Мала Азија кое било протерано во почетокот од страна на Младотурците.
На индиректен начин, преку ставот дека согласно со предлозите на Нимиц треба да се најде име што ќе има географска или временска одредница, од кабинетот на грчкиот премиер, Алексис Ципрас го отфрлаат прифатениот предлог од македонска страна за „Република Илинденска Македонија“.
Кога има непобитен успех, нешто што не се случило 15 години на европска сцена, а тоа се случува во Бугарија, по идеја и иницијатива на Бугарија, апсурдно е да се каже дека ништо не се случило.
Името „Илинденска Македонија“ не го елиминира иредентизам е ставот на дел од грчките опозициски партии меѓу кои Нова демократија, Движење за промена (во чии рамки е ПАСОК) и Комунистичката партија на Грција, додека пак Златна зора и Сојуз на централисти се не само против конкретното име, туку против било кој предлог што ќе го содржи терминот Македонија.
„Лидерот на радикалите се враќа меѓу луѓето што ги прогонуваше“, е наслов на текстот во кој се наведува дека Шешељ купил имот на име на својот син Михаило, во центарот на Хртковци, на 300 метри од Католичката црква Св. Климент.
Економските односи меѓу земјите од Западен Балкан, и покрај сложените политички проблеми, се многу добри и важно е повторно да имаме дијалог како регион, но и како политичари со светот на бизнисот, рече премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, во однос на името, Ципрас ги известил претседателите на партиите дека владата не оди кон поспецифични дискусии, доколку прво не се исполнети предусловите.
Потребни се уставни промени како за ерга омнес, така и за елиминација на иредентизмот, за да постигнеме решение што ќе издржи низ времето, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас на почетокот на средбата со грчкиот претседател.
Премиерот Алексис Ципрас телефонски го брифираше претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис дека со господинот Зоран Заев разговара за името „Илинденска Македонија“, соопштуваат од грчката опозициска партија.