Потпишување меѓународен договор, рок за промена на Уставот, со Европската унија како гарант, е сценариото за решение меѓу Скопје и Атина, кое се споменува во новинарските кругови во Грција, а го објавуваат и дел од медиумите кај јужниот сосед.
Светските агенции коментираат дека тоа се случува во истата седмица кога најстарата организација во Европа во соопштение го критикува Загреб за говор на омраза против Србите, претставниците на ЛГБТ заедницата и Ромите.
- Западениот Балкан има 17,7 милиони жители и БДП од 96 милијарди евра. Дали е тоа причине за голем страв и опасност за ЕУ?, запраша Борисов.
Се додека Иран ги спроведува своите обврски од Договорот за иранската нуклеарна програма, до тогаш и ЕУ ќе се продржува кон неговите одредби, изјави денеска во Софија претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изјави дека не гледа друга иднина за Западен Балакн отколку таа во Европска унија.
На Самитот ЕУ – Западен Балкан во Софија, Брисел претставува шест нови иницијативи кои би требало да помогнат во трансформација на регионот, негова подобра поврзаност и околу помирувањето, објави денеска Дојче Веле.
Државите од Западен Балкан имаат јасна перспектива за члество во Европската унија, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел на прес-конференција по завршувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија.
Регионалниот совет за соработка (РСС) успеа со своите активности и со напорите на земјите од Западен Балкан да ја продлабочи регионалната соработка во речиси сите сектори, изјави денеска генералниот секретар на РСС, Горан Свилановиќ, во Софија.
Верувам дека имаме поминато голем дел од патот, но има уште пат да се помине, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас на прес конференцијата во Софија и додаде дека се уште не сме во позиција да говориме за договор.
Промена на Уставот е предуслов за решение, но и обврска кон владеењето на правото, затоа што Меѓународен договор без уставни измени носи и одговорност за премиерот на соседната земја, смета грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.