Очекувам утрешниот Самит ЕУ-Западен Балкан да внесе нова динамика во процесот на приближување на земјите од регионот во ЕУ. изјави денеска во Софија австрискиот канцелар Себастијан Курц по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ.
Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов денеска ја отвори конференцијата „Дијалог со Западен Балкан: Создавање на подрачја на раст, безбедност и и поврзаност на патот кон Европа“, што се одржува во Националната палата на културата во Софија.
Шефицата на бугарската дипломатија, Екатарина Захариева денеска изрази надеж дека две земји од Западен Балкан ќе станат членки на Европска унија до 2025 година.
Претставници на земјите од Западен Балкан се обврзале да овозможат вработување на повеќе жени на подобро платени позиции, кои бараат повеќе квалификации, изјави регионалната директорка на Светска банка, Линда Ван Гелдер.
Албанскиот премиер и лидер на Социјалистичката партија, Еди Рама, на денешната средба со парламентарната група на партијата, информирајќи за средбата со францускиот претседател Емануел Макрон, рече дека добил силна поддршка и позитивни зборови.
Учеството на Македонија под уставното име на настан во Брисел, организиран од Европската народна партија, чиј член е најголемата грчка опозициска партија, е причина од СИРИЗА да упатат остри критики до Нова демократија.
- Станува збор за прашања што не се мали, за кои Скопје, за сега инсистира. Топката е на нивниот терен, вели Катругалос, додавајќи дека овие две прашања за Грција се од суштинско значење и предуслов за да постои решение и порачува дека „другата страна треба да ја направи неопходната отстапка“.
Европската унија ја поздравува посветеноста на Зaпаден Балкан на европските вредности и принципи и визијата за силна стабилна и обединета Европа.
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, во интервју за грчкиот весник „Та неа“, изрази убеденост дека може да се постигне решение за името, и оценува дека во Софија нема да биде одлучувачката точка за тоа дали ќе има решение, туку тоа што е важно во овој процес е квалитетот на договорот.
Пред седиштето на Синодот на Бугарската православна црква во Софија денеска се одржува протест поради одлуката на бугарските владици да не учествуваат на одбележувањето на илјадагодишнината од основањето на Охридската архиепископија, што на 27 мај ќе биде одржано во Охрид.