– Тоа што е мој повик е дека и едните и другите добро разбираат дека немаме многу животи и дека изгубивме многу луѓе, и Србите и Албанците. Не само во меѓусебни судири туку и голем број кои засекогаш си заминаа од овие простори, изјави Вучиќ за албанската ТВ Клан и американската Еј-Би-Си.
За разликите што Грција ги има со соседите и напорите за изнаоѓање решение, како и за подготовките за претстојниот Самит на ЕУ- Западен Балкан, станало збор во телефонскиот разговор на премиерот на Грција, Алексис Ципрас со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск
Уставната промена не треба само да се предвиди, туку и да се примени во пракса пред ратификацијата на договорот, вели Јоргос Кумуцакос, одговорен за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демократија.
Одговарајќи на прашање на дописничката на МИА од Атина, портпаролот на грчката Влада рече дека агендата на средбата на двајцата премиери ќе ги содржи прашањата во целост, што се поврзани со преговорите за името.
Европските лидери се подготвуваат за дводневниот состанок во Софија посветен на Западниот Балкан, прв од овој вид по петнаесет години, но не и последен.
Бугарите ја поддржуваат интеграцијата на државите од Западен Балкан во Европската унија и сметаат дека нивната земја има интерес тие да станат дел од европското семејство, покажуваат резултатите од истражувањето на Центарот „Тренд“, изработено по нарачка на „24 часа“. “
Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, попладнево ќе разговара со грчкиот премиер АлексисЦипрас околу подготовката на Самитот во Софија, јави дописникот на МИА од Брисел.
Врз основа на три различни текстови, два од министрите за надворешни работи, и еден од медијаторот, Скопје и Атина продолжуваат да бараат решение, пишува весникот „Катимерини“.
Косовскиот претседател Хашим Тачи синоќа рече дека никогаш нема да зборува за поделба на Косово или за размена на територии, а смета дека оваа тема се појавила за да се „опипа пулсот на Косово, Србија и земјите од регионот" .
Далиќ по скандалот кој ја потресе Хрватска поднесе оставка, а Пленковиќ на прес-конференција рече дека одлуката за нејзината оставка ја донеле заедно.