Доколку тој би бил кум на земјата, немало да сака да биде вклучено името Македонија. Сепак, објаснува дека „за жал веќе 25 години, Грција официјално користи сложено име за соседната земја“.
Во националната библиотека предвидено е отворање на изложбата „Косово од историја до државност“, по што ќе биде прикажан филмот „Татко“.
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави денеска дека заедничката позиција на ЕУ не наложува Србија да мора да го признае Косово и додаде дека е арогантно, неприфатливо и контрапродуктивно тоа да се бара од Србија.
Иванов нагласи дека целиот овој процес треба да гледа во иднината, а не да заглавува на прашања, кои може да не остават во минатото.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини денеска во Софија изјави дека дијалогот меѓу Скопје и Атина за прашањето за името е охрабрувачки и оти се надева оти наскоро ќе даде позитивни резултати.
Тешко дека Србите би го признале независно Косово во замена за членство во ЕУ, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој додаде дека само компромис може да ја изведе српската покраина од состојбата „замрзнат конфликт“, јави Танјуг пренесувајќи делови од интервју на Вучиќ за Ројтерс.
Грчката академија на науките и уметностите преку соопштение ги коментира разговорите за името меѓу Македонија и Грција, посочувајќи дека е потребен договор затоа што тоа е во интерес на двете земји, но како предуслов споменува уставни промени.
Поранешниот министер за надворешни работи и претседател на бугарскиот Атлански клуб, Соломон Паси денеска оствари средба со градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски.
Европската унија е „сосема сигурна“ дека Македонија ќе го реши долгогодишниот спор за името со Грција пред јули, изјави денеска во Софија еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан.
Министерот за надворешни работи на Грција во синоќешното интервју за грчката телевизија Алфа, снимено само неколку часа по маратонските преговори во Виена, откри детали за грчките позиции, за нацрт спогодбата, за нашата евро-атлантска перспектива, за медијаторот Нимиц, но и каде се наоѓаме во преговорите.