Засилување на активностите односно блокирање на патишта, автопати и гранични премини, како и одржување голем протест во Атина следната седмица, одлучија грчките земјоделци на денешниот состанок одржан во Лариса, јави дописничката на МИА од Атина.
Холгуин Куелар е во посета на Атина во рамките на првиот круг контакти со цел одново да започнат разговорите за конкретното прашање.
- Ние и обезбедуваме на Украина не само финансирање за одржување на економијата, туку и силна предвидливост за следните четири години. Тоа покажува што значи да се застане зад Украина онолку долго колку што е потребно, додаде Фон дер Лајен.
Министерот за одбрана на Сојузна Република Германија Борис Писториус утре ќе престојува во Република Србија, каде што според соопштението од Кабинетот на српскиот претседателот, ќе оствари средба со Александар Вучиќ, по што се предвидени изјави за медиумите, јави дописникот на МИА од Белград.
По околу 10 години интензивни преговори, Италија и Албанија денеска го финализира меѓусебното признавање на социјалното осигурување, односно заемното признавање на пензиите.
Шмит изјави дека отворањето на пристапните преговори ќе биде единствена можност за Босна и Херцеговина.
Меѓутоа, како што дознава Демостат, Европската народна партија, чиј член е СНС, не се согласила со тој предлог.
„Ова е голем успех на опозицијата“, изјави тој и додаде дека тие барале оваа седница да се одржи по усвојувањето на резолуцијата за изборна кражба во Европскиот парламент.
Албанската Влада предлага измени во кривичниот законик, со кои се предвидуваат поостри мерки за лицата кои имаат два или повеќе брака во исто време.
Од следното лето Визер веќе нема да лета од Љубљана до Лондон Лутон, со што авиокомпанијата останува само на летови за Скопје (три пати неделно).