Прелиминарната проценка на штетите од катастрофалните поплави и одрони изнесува речиси 50 милиони КМ (околу 25 милиони евра), изјави градоначалникот на општина Јабланица, Дамир Шабановиќ.
Премиерот Еди Рама, кој ја предводи албанската делегација на втората меѓувладина конференција Албанија-ЕУ, од Луксембург порача дека "Албанија ќе биде подготвена за ЕУ до 2030".
- Албанија конечно седи како рамноправен партнер на масата на земјите членки на Европската Унија, нагласи Рама.
Ученик од средно училиште во Сараево е приведен под сомнение дека десетици пати лажно пријавил за поставени бомби во училишта.
Шефот на грчката дипломатија коментираше дека денешниот ден е важен за европската перспектива на Западен Балкан, што како што потсети, започна пред 21 година, а Грција е водечка сила преку Солунската агенда.
Овој Кластер опфаќа сет на поглавја поврзани со фундаменталните реформи, од чие спроведување ќе зависи целокупното темпо на преговарачкиот процес и почетокот на преговорите по другите кластери.
Во Луксембург ќе се одржи меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, на која ќе започне првата фаза од преговорите, откако земјата во овој процес беше одвоена од Република Северна Македонија на крајот на септември.
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека планира да се кандидира за четврти мандат, бидејќи има уште работа, иако во претходните мандати се направени големи работи, пренесуваат албанските медиуми.
Со околу 35 килограми канабис скриени во куферите, двајца патници пристигнале на аеродромот во градот Ларнака на Кипар, по што биле уапсени, јави дописничката на МИА од Атина.
Тој посочи дека Србија добила бројни признанија во однос на економските резултати и реализацијата на инфраструктурни проекти и дека е поздравено потпишувањето на Меморандумот со Македонија за изградба на интерконектор преку Македонија до Грција.