За да се обезбеди непречена обука на пилотите на Рафал, задачата на дежурното борбено дуо привремено ќе се извршува од воздухопловните бази на соседните сојузнички земји Италија и Унгарија.
За да стане членка на Европската Унија до 2028 година, Црна Гора мора да ги унапреди демократските реформи, а првиот чекор е реформата на изборното законодавство, порачаа експертите за политички партии при ОБСЕ, а кои претстојуваат во Црна Гора.
Шолц нагласи дека сите знаат колку регионот на Западен Балкан сè уште е обликуван од конфликтите од минатото и дека е време тие да се надминат и регионот да се насочи кон иднината.
Во саботата Централниот комитет со широко мнозинство одлучи Каселакис да не може да биде кандидат за лидер на изборите што ќе се одржат на крајот на ноември.
Мандатот на актуелната претседателка Катерина Сакеларопулу завршува во март следната година, а шефот на државата во Грција го избира Парламентот по предлог на премиерот и Владата.
Таа петка, доколку барањата на белиот штрајк не се усвојат и до крајот на полугодието, ќе биде основа за заклучување на оценките „одличен 5“, без разлика на сите други оценки што ќе бидат дадени според објективни критериуми, во вообичаени начини, се наведува во соопштението.
Според конечните официјални резултати, во вториот круг од изборите за лидер на Социјалистичката партија, гласаа 213.781 членови, Андрулакис освои 59,9 проценти, додека неговиот противкандидат, градоначалникот на Атина Харис Дукас доби 40,1 отсто од гласовите.
Откако беа соопштени првите официјални резултати и беше јасно водството на Андрулакис, Дукас телефонски разговарал со актуелниот претседател, му честитал и му рекол дека сите заедно одат напред.
Мигрантите кои деновиве треба да пристигнат во камповите во Албанија, врз основа на договорот потпишан од премиерите на Албанија и Италија, Еди Рама и Џорџ Мелони, нема да имаат можност да го напуштат кампот каде што ќе бидат сместени.
Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во близина на северната граница на Македонија со Србија, на 10 километри северно од Врање. Земјотресот бил почувствуван и во Куманово.