Белгиската Влада разгледува опции за изнајмување или изградба на затворски објекти во други европски држави, каде би ги испраќала странските државјани, кои се во затвор во Белгија.
Членовите на организацијата користеле возила од странство, главно од Бугарија со кои мигрантите се пренесувале од грчко-турската граница кај Еврос во внатрешноста на земјата.
- Иднината на Србија е во ЕУ, изјави Мерсие, додавајќи дека ЕК е во контакт со своите партнери во Србија во напорите за постигнување веродостоен и видлив напредок во спроведувањето на реформите, во што треба да се вклучи целото општество.
Мицотакис во Ерусалим ќе се сретне со претседателот на Израел Исак Херцог и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Бројот на посетители на Грција во јануари годинава се зголемил за 11,4 отсто споредено со истиот период лани, а зголемување за 7,5 проценти има и во приходите од туризмот во конкретниот месец, согласно податоците на Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Во Тузла, БиХ, во тек е голема потрага откако надојдената река Јала однела двајца полицајци и уште едно лице, јавува „Дневни аваз“.
Не само што се иселуваат, туку се повеќе граѓани се откажуваат и од албанските пасоши, што го потврдуваат и податоците на Министерството за внатрешни работи, но и Евростат.
Поради силниот ветер во Хрватска затворени за сообраќај се делници од автопатот А6 и А7, а во прекин се голем број траектни и катамарински линии.
Поради обилните врнежи од дожд во последните денови во Босна и Херцеговина, се зголеми водостојот на реките и поради опасност од поплави во одредени области е прогласена елементарна непогода.
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, откако по него беше распишана меѓународна потерница, денеска од Израел изјави дека продолжува злоупотребата на судството на Босна и Херцеговина (БиХ) за политички цели.