Зеленото светло од Министерството се однесува на изразениот интерес за блоковите Јужен Крит 1 и Јужен Крит 2, а дополнително ќе бидат издадени соодветно решение со кое, меѓу другото, ќе се прецизираат точните координати, видот на договорот и објавувањето на меѓународен тендер.
Хрватска нема да брза во „коалицијата на подготвените“, изјави денеска министерот за одбрана Иван Анушиќ по враќањето од официјалната посета на Франција.
Министерот за надворешни работи на Србија, во технички мандат Марко Ѓуриќ денеска изјави дека Србија е безбедна земја, а Белград е безбеден град за странците без разлика на идеолошки, верски или други ставови, јави МИА од Белград.
Претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ денеска изјави дека 75 отсто од основните училишта работат редовно, додека само едно училиште е целосно затворено (во Омољица, блису Панчево), а повеќе од 80 отсто од средните училишта одржуваат настава со полн капацитет.
Иднината на Србија е во ЕУ, порачаа претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во објави на Икс по нивната синоќешна, како што оценија, „важна средба“ со српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел.
По несреќата што се случи во Кочани кога во пожар во дискотека загинаа 59 млади лица, а тешко беа повредени над 150, во Србија почна вонреден инспекциски надзор врз угостителските објекти, јави МИА од Белград.
Проектот за ископ на литиум Јадар во Србија, Европската унија ќе го прогласи како нејзин стратешки проект надвор од ЕУ за седум или осум дена. Такво тврдење денеска од Брисел упати претседателот на таа држава Александар Вучиќ, јави МИА од Белград.
Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во Брисел изјави дека ги известил највисоките претставници на Европската унија дека на протестот во Белград на 15 март не бил употребен звучен топ и дека српските власти се подготвени Брисел да го провери тоа.
Додик и неговата делегација слетаа на меѓународниот аеродром „Бен Гурион“ во Тел Авив со авион на Владата на Република Српска.
Воената парадата пред грчкиот Парламент и споменикот на Непознатиот војник, ја следеше грчкиот државен врв, како и дипломатскиот кор во земјата, но и илјадници граѓани кои го исполнија центарот на Атина.