Според соопштението, Бисерко, Чанак и Баскин побарале од Курти да се обиде да го спречи реализирањето на намерата на властите во Белград.
Пред зградата на јавниот медиумски сервис во Белград се одржува протест со барање Јавниот сервис Радио-телевизија на Србија (РТС) да ја информира јавноста за еколошките проблеми, јави дописникот на МИА од Белград.
Харгривс во интервју за косовскиот портал на српски јазик „КоССев“ вели дека граѓаните на Косово, особено оние на северот на државата, плаќаат висока цена за ненормализацијата на односите меѓу Косово и Србија.
Акцијата вклучува 81 производ, а попустот во просек ќе биде 26,82 отсто, рече премиерот Милош Вучевиќ на презентацијата на акцијата и истакна дека домаќинствата ќе можат да заштедат од 8.000 до 22.000 динари месечно со купување на производи кои ќе бидат вклучени во акцијата.
За ТВ Н1 зборуваат претседателката на здружението ренесанса, Енида Глушац, д-р. Амина Јаловчиќ Суљевиќ - онколог и Ријад Хајдаревиќ - научник од Босна и Херцеговина, кој работи во Норвешка и истражува нови методи за лекување на ракот.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека не верува оти земјите-кандидати од регионот ќе станат членки на ЕУ пред 2030 година, додавајќи дека до таа година Украина ќе биде првата следна земја што ќе влезе во Унијата, јави дописникот на МИА од Белград.
НАТО соопшти дека е многу разочаран од вчерашните акции на косовската полиција на северот на Косово, која, како што се наведува, не била координирана со КФОР и покрај повеќекратните ветувања дека тоа ќе го стори.
Италијанскиот генерал порача дека КФОР има „видливо и флексибилно присуство низ Косово“ и дека е добро подготвен да реагира на сите релевантни безбедносни настани.
Светиот синод на Албанската православна црква ја поддржа канонската Украинска православна црква, чии активности неодамна беа забранети во Украина.
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави дека разликите меѓу Косово и Соединетите Американски Држави не се во крајните цели, туку во пристапот за нивно постигнување, јави дописникот на МИА од Приштина.