На седница на Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина беа усвоени насоки за намалување на потрошувачката на енергија и енергенси. Како што е најавено, насоките се состојат од мерки кои можат да ги преземат граѓаните, јавниот сектор, претприемачите и енергетските субјекти.
Американскиот амбасадор изрази надеж дека во наредните месеци ќе има нов напредок во преговорите меѓу Приштина и Белград.
Главниот експерт во бугарското Министерство за надворешни работи Жељазко Радуков денеска изјави дека Бугарија е импресионирана од креативноста на албанскиот премиер Еди Рама за изнаоѓање на оправдувања
Косовскиот премиер Албин Курти, на денешната промоцијата на заедничкиот буквар за првооделенците во Косово и во Албанија, изјави дека албанскиот народ знае оти „обединувањето (на двете држави) е неопходно“
Албанското Специјално јавно обвинителство за корупција и организиран криминал (СПАК) отвори уште еден случај против доскорешниот шеф на албанската држава Илир Мета, овој пат за перење пари, корупција и злоупотреба на службената положба
Обединетиот синдикат за образование, наука и култура на Косово (СБАШК) денеска поднесе кривична пријава во Основното обвинителство во Приштина против министерот за финансии, Хекуран Мурати, поради неисплаќање на платите за вработените во јавниот сектор кои штрајкуваат
Промоцијата што најпрестижните медиуми ја направија за туризмот и убавините на Албанија, се чини дека имаше свој ефект, што го потврдува и податокот дека само во јули земјата ја посетиле вкупно 1.403.333 странски државјани
По изјавата на албанскиот премиер Еди Рама, на меѓународниот безбедносен форум во Блед, дека Бугарија го одложила влезот на Тирана во ЕУ за осум години, во бугарското Министерство за надворешни работи е повикана албанската амбасадорка Доника Хоџа, јави дописникот на МИА од Софија
Еден ден пред почетокот на предизборната кампања за вонредните прелиминарни парламентарни избори во Бугарија, закажани за 2 октомври, социолошката анкета на агенцијата „Тренд“ покажува дека доколку изборите се одржат денеска во новото Народно собрание би влегле седум партии
Претседателот на Хрватското народно собрание на БиХ и ХДЗ на БиХ, Драган Човиќ, денеска го повика високиот меѓународен претставник Кристијан Шмит да донесе одлука за изборните и уставните реформи, а Советот за имплементација на мирот да ги поддржи реформите, со цел да се спречи прегласување на Хрватите