Извршната директорка на Европол, Кетрин де Бол, која е во посета на Бугарија, беше примена од преодниот вицепремиер и министер за внатрешни работи Иван Дерменџиев, а одржа серија средби со раководителите на битни структури во бугарското Министерство за внатрешни работи
На покана на албанскиот претседател Бајрам Бегај, следната недела во дводневна официјална посета на земјата ќе престојува претседателот на Италија, Серџо Матарела
Бугарскиот преоден министер за енергетика, Росен Христов, за БНТ изјави дека неговата земја ги почнала преговорите со „Газпром“ и се обидува да постигне позитивен исход од преговорите и продолжување на испораките под услови поволни за неа
Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља изјави дека очекува од денеска Србија да го укине издавањето времени документи за косовските граѓани кои влегуваат во Србија, согласно последниот договор меѓу двете држави
Во Тирана вечерва се одржа мирен протест по мотото „Стоп на молкот“ во знак на осуда на насилството врз жените и девојчињата, откако деновиве косовските медиуми објавија дека во Приштина е силувано 11-годишно девојче, од пет мажи, од кои тројца малолетни.
Тој му порачува на бугарското Министерство да си обезбеди беспрекорен превод.
Регионалната иницијатива Отворен Балкан е ефективна алатка за земјите да ги користат границите со цел да за да се зближат, а не да се делат, порача на Твитер американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, пред самитот Отворен Балкан во Белград, јави дописникот на МИА од Белград.
Тие додаваат дека „Европрајд“ ќе го направи Белград првиот град во Југоисточна Европа и првиот надвор од Европската економска област што бил домаќин на „главен настан за паневропската ЛГБТИК заедница“.
Илјадници луѓе се собраа денеска во Приштина на протест против насилството врз жените и девојчињата, што го организираше невладината организација Колектив за феминистичка мисла и дејствување
Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска напладне го погоди грчкиот остров Самос во Егејското Море во близина на брегот на Турција