Специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин денеска изјави дека проширувањето на Европска Унија е најмоќна алатка за трансформација на ЕУ.
Според соопштението од кабинетот на Османи, таа во оваа прилика ќе се заложи за визна либерализација за Косово, со оглед дека Чешка актуелно претседава со Советот на Европската унија.
Бројот на патници на меѓународниот аеродром во Тирана во периодот јануари – јули годинава бележи раст од 2,3 пати споредено со истиот период минатата година. Авионски превоз во седумте месеци од годинава избрале 2.712.918 патници.
Владата на Србија денеска му препорача на српското Електростопанство (ЕПС) електричната енергија за комерцијалните клиенти од 1 наредниот месец до крајот на годината да ја продава по цена од 95 евра за мегават час (MWh), без ДДВ
Челниците на косовските институции, претседателката на државата, Вјоса Османи и премиерот Албин Курти побараа денеска Србија да одговара за злосторствата извршени во Косово во војната од 1998-99 година и да открие каде се наоѓаат исчезнатите лица од тој период
На барање на албанското Специјално јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, Управата за матична евиденција со одговор дека претседателот на Партијата на слободата и доскорешен шеф на албанската држава, не ги променил податоците во граѓанската евидениција, каде што е заведен како Илир Метај
Албанскиот премиер Еди Рама во Блед изјави дека за Албанија има само една дестинација а тоа е Европската Унија
„Гаспром“ не му дал одговор на бугарското Министерство за енергетика дали можат да започнат преговори за обновување на испораките на природен гас
Специјалните претставници на владите на Германија и Велика Британија за Западен Балкан, Мануел Саразин и сер Стјуарт Пич, предупредија како моменталната состојба во Босна и Херцеговина претставува најсериозна криза во земјата од 1995 година, затоа што реформите не се спроведуваат, а плановите за нејзина поделба се сè поизразени
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави денеска дека, без оглед на оптимистичките изјави на некои европски претставници, во моментов не гледа решение за регистарските табличките на Косово