Руското Министерство за надворешни работи ја отфрли изјавата на потпретседателката на Владата на Србија и министерка за енергетика Зорана Михајловиќ дека шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров со изјавате го злоупотребува тоа што Србија не воведе санкции за Русија, обидувајќи се да покаже дека Србија го поддржува рускиот напад врз Украина, иако Србија гласаше за резолуцијата на ОН, која ја осудува војната
Министерството за рударство и енергетика на Србија денеска донесе препораки до државната администрација, единиците на локалната самоуправа, државните претпријатија, стопанството и домаќинствата да ја намалат потрошувачката на струја и топлинска енергија, со што треба да се овозможи намалување на потрошувачката на енергија за 15 отсто во однос на истиот период лани
Албанските производители на вино ќе учествуваат на Меѓународниот саем за вино „Винска визија Опен Балкан“, што ќе се одржи во Белград од 1 до 4 септември
Шефот на Канцеларијата за координација на санкциите во американскиот Стејт департмент, амбасадорот Џим О’Брајан, денеска и утре ќе престојува во Софија, соопштија од Амбасадата на САД во Бугарија
Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик потврди дека отцепувањето на Република Српска му е најважна цел што се обидува да ја оствари и само го чека вистинскиот момент кога ќе го реализира тоа
Бугарскиот вицепремиер за управување со европските фондови во техничката влада, Атанас Пеканов, на Твитер денеска напиша дека неговата земја е благодарна за поддршката на германскиот канцелар Олаф Шолц изразена вчера во Прага, Бугарија да стане полноправна членка на Шенген зоната
Соединетите Американски Држави (САД) го поддржуваат договорот за влезно-излезните документи меѓу Косово и Србија и го гледаат како важен чекор напред кон нормализација на односите засновани на меѓусебно признавање, соопшти Стејт департментот за Гласот на Америка во врска со постигнатиот договор од двете страни
Таканаречената група “Homeland Justice” или “Татковинска правда“ од Иран откако објави хакирани материјали од електронската пошта на премиерот Еди Рама и Министерството за надворешни работи на Албанија, сега ги откри телефонските броеви на албанските државјани
Ваквиот став на Мета доаѓа откако Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција (СПАК) побара податоци од Управата за матична евиденција за неговите генералии.
На маргините на Стратешкиот форум во Блед, Ескобар во изјава за „Еуроњуз Србија“ изрази надеж дека нема да има потреба да се зборува за поделби на Западен Балкан. Тој ја посочи загриженоста на многу луѓе во регионот за ориентацијата на Србија, но верува дека членството во ЕУ е аспирација на Србија.