Обвинетиот Урош Блажиќ денеска на почетокот на судењето во Белград призна дека на 4 мај минатата година уби девет и рани 12 лица во селата Мало Орашје и Дубона.
Tри лица загинаа во пукање во средно училиште во Сански Мост откако вработен во гимназијата пукал во директорот, секретарката и професорка.
Против поранешниот директор на нафтената компанија ИНА, Дамир Шкугор, и уште шест лица е подигнато обвинение за незаконска трговија со природен гас, со што хрватската компанија е оштетена за 160 милиони евра, соопштено е денеска во Загреб.
Пејиќ рече дека само една петтина од младите изјавиле дека сакаат да живеат со своите родители, а од друга страна, резултатите покажуваат дека го напуштаат домот на своите родители по 31 година.
Забраната за престигнување за товарни возила е јасно означена со сообраќајна сигнализација, а поставена е на повеќе делници од автопатиштата, соопшти ресорното министерство.
Како што наведе таа, доколку Вучиќ се повлече од политиката во 2027 година, „никој нема да размислува за Србија нон-стоп“.
За десет години работење ИКЕА Загреб била домаќин на речиси 18 милиони посетители, а вкупниот промет остварен во тој период надмина милијарда евра, објави компанијата.
Ѓуриќ го окарактеризира обидот за отворање на мостот на Ибар за сообраќај како „многу прецизно организирано техничко насилство“ врз Србите, чие деловно, физичко и секое друго постоење е спречено со ова, како и со други акции на Приштина.
Во интервју за Гласот на Америка (ВОА), Пајат рече дека западните земји бараат алтернатива во снабдувањето со литиум, бидејќи тие се во голема мера зависни од Кина.
Мицотакис истакна дека пожарот беше тежок, „направи голема штета на животната средина и очигледно уништи многу имот“ и посочи дека за тоа што се случи дополнително ќе се дискутира и проучува.