Македонските каратисти успешно стартуваа на Балканското сениорско првенство кое се одржува во црногорскиот град Будва, освојувајќи шест медали првиот натпреварувачки ден.
Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез, кој стартуваше од пол-позицијата, победи на денешната спринтерска трка за Големата награда на Тајланд во класата МотоГП во своето деби за Дукати.
Шведскиот атлетичар Арман Дуплантис по 11. пат во кариерата постави светски рекорд во скок со стап, прескокнувајќи 6,27 метри синоќа во Клермон-Феран.
Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, по завршувањето на тестирањата во Бахреин објасни дека не очекува Ред Бул да го има најбрзиот болид за почетокот на сезоната во Австралија за две недели.
Џорџ Расел со Мерцедес беше најбрз на шестата и последна сесија од предсезонските тестирања во Бахреин, при што Британецот го собори светскиот шампион Макс Верстапен од првото место во последните минути од патеката.
Јужна Африка би можела да се врати во календарот на Формула 1 по пауза од три децении, јавија денеска светските агенции, наведувајќи дека главен двигател на процесот е седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон.
Шведската суперѕвезда во скок со стап, Арманд Дуплантис, верува дека е способен да ја надмине границата од 6,30 метри оваа сезона.
Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон денеска изјави дека неговиот прв месец како возач на Ферари „не можел да биде подобар“ и дека полека се поврзува со болидот пред првата трка во Формула 1 во Мелбурн.
Спаски беше светски шампион од 1969 до 1972 година, а три пати се натпреваруваше за светската титула (1966, 1969, 1972 година).
Светската спортска академија „Лауреус“ ја повлече номинацијата на светскиот рекет број еден во машкиот тенис, Јаник Синер за наградата Спортист на годината, поради неговата тримесечна забрана за допинг.