Дваесеткратниот Грен слем шампион Рафаел Надал ја коментираше својата одлука да се повлече од Мастерсот во Торонто поради повреда на левата нога
За првпат во поновата историја се организираше атлетскиот камп „Нови Sвезди“ наменет за млади под 16 години кои во иднина ќе се идните македонски репрезентативни имиња
Од Формула 1 тимот на Ферари најавија дека ќе користат екстензивно ажурирани компоненти за погон во втората половина од сезоната
Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ објави дека нема да игра на Мастерсот во Синсинати следната недела
Грчкиот тенисер Стефанос Циципас кажа како се чувствува по првото влегување во Топ 3 играчите на светската рејтинг-листа
Пилотот на Вилијамс, Џорџ Расел е уверен дека Луис Хамилтон ќе се бори за титулата во 2022 година и ќе може да победи со еднакви болиди
Шпанецот Хорхе Мартин (Прамат Дукати) победи на Големата награда на Штаерска, десеттата трка во рамки на светското првенство во мотоциклизам што попладнево се возеше на патеката Ред Бул Ринг во австриски Шпилберг.
Олимписките игри во Токио завршија со предавање на олимпиското знаме на Ан Идалго, градоначалничката на Париз, идниот домаќин на Олимписките игри во 2024. Свеченоста беше следена директно на плоштадот Трокадеро во Париз, јави дописникот на МИА.
Со свечена церемонија на Националниот стадион во Токио попладнево по средноевропско време официјално е спуштена завесата на 32. Олимписки игри, први во историјата кои се одржаа без присуство на публика поради пандемијата на коронавирус.
Американскиот 24-годишен пливач Кејлеб Дресел е најуспешен спортист на 32. Олимписки игри во Токио со пет златни медали, а австралиската 27-годишна пливачка Ема Мекион е најтрофејна меѓу спортистките со четири златни и три бронзени медали