Мексиканскиот боксер Саул „Канело“ Алварез, носител на појасотт во верзиите WBA и WBC и првакот во WBO, Англичанецот Били Џо Саундерс ќе ги вкрстат ракавиците в сабота за обединување на титулите во супер средна категорија пред 70.000 гледачи на стадионот во Арлингтон, во американската сојузна држава Тексас.
Финансискиот магазин „Форбс“ ја објави денеска своја годишна листа на највредни спортски клубови во светот, на која петта година по ред на чело е американскиот рагби клуб од НФЛ лигата Далас Каубојс.
Македонската атлетика ќе има тројца претставници на Европскиот куп во фрлачки дисциплини што овој викенд ќе се одржи во Сплит.
Македонските таеквондисти Филип Додевски и Анамарија Георгиевска имаа добри настапи, но не успеаја да обезбедат олимписка норма на квалификацискиот турнир што денеска започна во Софија.
Петтиот светски рекет Стефанос Циципас вчеравечер во третото коло на Мастерсот во Мадрид загуби од Каспер Руд – 6:7, 4:6. Гркот загуби за прв пат оваа сезона пред четвртфиналето
Неполни три месеци пред почетокот на Олимписките игри (ОИ), гувернерката на Токио Јунико Коике предложи денеска продолжување на вонредната состојба во јапонската престолнина поради тешката здравствена состојба поврзана со пандемијата на коронавирус.
Бугарската престолнина Софија од утре до недела е домаќин на олимписките квалификации во таеквондо на кои настап на Игрите во Токио ќе се обидат да изборат тројца македонски репрезентативци – Дејан Георгиевски и Филип Додевски во машка и Анамарија Георгиевска во женска конкуренција.
Компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“ соопштија денеска дека склучиле меморандум за разбирање со Меѓународниот олимписки комитет (МОК) за донација вакцини против коронавирус за спортистите и делегациите од сите земји учеснички на претстојните Олимписки игри во Токио.
Претстојниот викенд со трката во Словачка стартува Европското првенство во автомобилизам за возила со ТЦР хомологација, а четврта сезона по ред на него ќе учествува Виктор Давидовски од тимот на „ПСС Рејсинг“
Раководството на Формула 1 ги разгледува опциите за можни замени во календарот на шампионатот за сезоната 2021, доколку тие станат неопходни, објави денес „Motorsport“.