Реваншот помеѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер ќе се одржи на 27 април или 18 мај, објави „Боксинг Сцин“. Шоуто ќе се одржи во центарот „Баркли“ во Њујорк.
Легендарниот светски шампион во тешка категорија и градоначалник на Киев, Виталиј Кличко беше примен во болница. Тој беше хоспитализиран на клиниката во австрискиот град Св. Јохан во Тирол. Според информациите, поголемиот од браќата Кличко влегол во здравствената установа на 26 јануари по Светскиот економски форум во Давос, на кој Виталиј учествуваше.
Јутуб каналот „Ф1 викендс“ ја објави листата со примањата на пилотите за сезоната што претстои. Највисоко котира петкратниот шампион и член на Мерцедес, Луис Хамилтон, пред Себастијан Фетел од Ферари.
Тимовите од Формула 1 не ја поддржаа идејата на сопствениците на најбрзиот „циркус“ во светот за заедничко претставување на новите болиди за претстојната сезона.
Откако го освои Отвореното првенство на Австралија по седми пат во својата кариера и стигна до 15-тата Гренд-слем тиутла, најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ посведочи за амбиции да стане број 1 по овој показател.
Шефицата на одделот за Блискиот Исток во Службата за надворешна акција на Европска унија, Ерика Ферер, оцени дека не е време за нормализација на односите меѓу ЕУ и режимот во Сирија.
Фернандо Алонсо триумфираше во „24 часа на Дејтона“ со својот тим „Вејн Тејлор Рејсинг“ и колегите Камуи Кобајаши, Џордан Тејлор и Ренгер ван дер Занде со „Кадилак“. Тоа беше првиот голем успех за Алонсо откако ја напушти Формула 1 на крајот на сезоната 2018.
Новите светски правила во карате спортот се инспирирани од научниот труд на македонската карате легенда и доктор на науки, Назим Куртовиќ. Од 1-ви јануари годинава се применуваат новите карате правила во дисциплината кати (состави), кои ќе важат на сите наредни официјални натпревари, вклучително и на Олимписките игри во Токио 2020 година.
Шампионката на Австралија опен, Наоми Осака, е новата бр.1 на светската ВТА листа.
Рафаел Надал по поразот од Новак Ѓоковиќ во финалето на Австралија опен, изјави дека ривалот одигра на високо ниво и му го честиташе трофејот.