Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски се пласираше денеска на 12. место во дисциплината скок во далечина на Светското првенство во сала кое се одржува во шкотскиот град Глазгов.
Швајцарската скијачка Лара Гут-Бехрами победи на денешната трка во супервелеслалом која во рамки на Светскиот куп се одржа во норвешкиот центар Квитфјел.
Со трката за Големата награда на Бахреин денеска на патеката Сахир ќе стартува новата сезона во Формула 1.
Во најинтересното финале на првиот ден од Светското атлетско првенство во сала во Глазгов, трката на 60 метри во машка конкуренција, светскиот рекордер во оваа дисциплина Американецот Кристијан Колман го освои златниот медал пред сонародникот Ноа Лајлс.
Шампионот од минатата сезона, Даниил Медведев е елиминиран во полуфиналето на тенискиот турнир на тврди терени во Дубаи (ОАЕ) со награден фонд од 3,1 милиони долари.
Рускиот тенисер Андреј Рубљев беше дисквалификуван на мечот со Александар Бублик, поради тоа што му се развика на линискиот судија, откако го загуби гемот во решавачкиот трет сет со резултат 6:7, 7:6, 6:5 за Казахстанецот.
Мик Шумахер нема да биде тест возач на Алпин оваа година. Тимскиот шеф Бруно Фамен изјави дека Германецот останува возач на Мерцедес, а ќе го претставува Алпин само во „ВЕЦ“ верзијата.
Макс Верстапен ги потсети сите дека е светски шампион во Формула 1 со победата на првата квалификациска сесија за сезоната 2024, давајќи му право да стартува од пол-позицијата на утрешната трка за Големата награда на Бахреин.
Шкотскиот град Глазгов од денеска до недела ќе биде домаќин на 19. Светското атлетско првенство (СП) во сала кое воедно е дел од квалификациите за обезбедување норма за настап на претстојните Олимписки игри во Париз.
Рускиот тенисер Даниил Медведев се пласираше во полуфиналето на турнирот од серијата 500 во Дубаи, со убедлива победа над Алехандро Давидович Фокина со 6:2, 6:3.