Оваа година за првпат во Скопје, ќе се одржи фестивалот Summerland 2019. Од 04.07-28.07 во срцето на Градски парк со главна бина на Школка, секојдневно ќе има богата музичка програма и забавни активности за сите возрасти
Градот Скопје ја започна реконструкцијата на коловозот на улицата Февруарски поход во скопската Општина Аеродром. Увид во градежните работи на оваа делница денеска изврши градоначалникот Петре Шилегов.
Заради планирани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа во Град Скопје утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Центар, Шуто Оризари, Карпош, Чучер Сандево, Бутел и Кисела Вода.
Во текот на летото ќе започне реконструкцијата на улицата „Варшавска“, во Тафталиџе 1, на потегот од бул. „8 Септември“ до ул. „Париска“ (кружниот тек кај гимназијата „Георги Димитров“)
Градот Скопје ги известува граѓаните дека третата фаза од авионската и од терестричната дезинсекција на подрачјето на Скопје против возрасни форми на комарци ќе почне на 03.07.2019 година (среда).
Со зголемен интензитет се чистат депониите на повеќе локации низ Општина Аеродром. Моментално екипите работат на расчистување на мини депонијата во близина на бул. „Февруарски поход“. Во наредниот период вакви акции ќе бидат преземени околу паркот „Бановина“, покрај Усјански канал, во близина на Воениот базен и во Мичурин околу Железничката станица.
Екипите на Град Скопје денеска ја почнаа првата фаза од реконструкцијата на коловозот на улицата „Лазар Трповски“ во Општина Чаир.
Градот Скопје преку ЈП „Водовод и канализација“, заедно со Општина Карпош, денеска ја почнаа изградбата на новата водоводна и канализациска мрежа на улицата „Варшавска“ во скопската населба Тафталиџе.
Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа без струја утре од 10 до 11 часот ќе бидат корисниците од улица „4“ во село Сарај и од селата Арнакија, Семениште, Буковиќ, Ласкарци, Раовиќ и Чајлане во општина Сарај
Општина Карпош ќе биде првата локална самоуправа во која ќе започне да се спроведува проектот за ограничена употреба на мобилните телефони и другите електронски уреди во текот на наставата, во сите десет основни училишта