Градот Скопје денеска /26.06.2019 година, среда/ распиша два јавни повици, Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување електрични тротинети во 2019 година, како и втор Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипеди во 2019 година.
Заради планирани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел, Ѓорче Петров, Аеродром, Кисела Вода и Сопиште.
Во Пункот за бездомници во Момин Поток денеска ќе биде отворен дополнителен капацитет за пружање на грижа и заштита – трпезарија за бездомници.
Од МВР апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Вљубениците во велосипедизмот, ролерите и скејтбордите наскоро ќе имаат можност да ги покажат своите вештини на новиот pumptrack полигон што Градот Скопје почна да го гради на површината пред Олимпискиот базен „Центар”
Градоначалникот Петре Шилегов и заменик-градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи, денеска, во просториите на Град Скопје го пречекаа европскиот шампион во борење за кадети, Бесир Алили. На средбата присуствуваа и други борачи од нашата земја, кои се натпреваруваа на шампионатот, а освоија две петти и две седми места, како и претставници од Федерацијата на боречки спортови.
Поради технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа утре без електрична енергија ќе останат корисниците од општините Карпош, Сопиште, Ѓорче Петров, Аеродром, Гази Баба и Кисела Вода, соопштуваат од ЕВН Македонија АД.
Втора спортска активност „Дојди во парк со велосипед“ организира денеска Општина Чаир, организацијата „Center for common ground“, Амбасадата на Велика Британија и на Холандија во рамки на проектот „Јакнење на отпорноста на локалните заедници на насилен екстремизам во Македонија“.
Граѓаните денеска со акција во Градскиот парк во Скопје, симболично доцртувајќи ги забетонираните корења на дрвјата
Крстосницата на булеварите „Борис Трајковски“ со „Србија“ утре од 7 часот ќе биде затворен за собраќај поради протест