Стартот е во 18.30 часот пред основното училиште „Кочо Рацин”, а учесниците ќе можат да се искачуваат до врвот на Водно заедно со планинарите или со велосипедистите.
Интернационалниот фестивал за баскери и живи статуи „Статуафест и баскеркараван“ ќе се одржува од денеска до 22 јуни од 18.30 до 23 часот на градскиот плоштад и ул. „Македонија“.
Тридневен хакатон за заедничко креативно и техничко подготвување едукативни игри, материјали и содржини за деца од три до десет години ќе се одржи од 18 до 20 јули во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
Јубилејното 40. „Скопско лето“ официјално ќе биде отворено вечер со гала оперски концерт на Националната опера и балет по диригентство на Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ на плоштадот „Мајка Тереза“ со почеток во 21:30 часот.
Во текот на вчерашната ноќ, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје спроведе активности за чистење на реонот на Македонската радио-телевизија, пасошкото одделение на МВР, потегот кон МКЦ и МАНУ и кејот Димитар Влахов
Екипите на Град Скопје деновиве ја реконструираа улицата Антон Димитров, во Драчево, која е обновена на должина од 1.200 метри. На терен беа вградени порамнителен и завршен слој од асфалт со површина од околу 10.000 квадратни метри, а беа уредени и тротоари со бекатон-плочки на површина од околу 6.500 квадрати. На улицата е обележана хоризонталната сообраќајна сигнализација.
Општина Аеродром ја известува јавноста дека врз основа на јавниот интерес, како и принципите според кои се води за одговорно и транспарентно работење, кое подразбира рационалност и економичност, сукцесивниот Договор со приватната маркетинг-агенција ќе биде преиспитан.
Градоначалникот Шилегов, како претседател на ЗЕЛС и НАЛАС, е во дводневна работа посета на Брисел и учествуваше на дводневниот заеднички консултативен состанок на Комитетот на регионите од Република Северна Македонија со Комитетот на региони на Европската Унија, на кој главна тема беше улогата на локалните власти во процесот на интегрирање на земјата во ЕУ.
Жителите на Кисела Вода трет ден по ред одржуваат протест пред Центарот за зависници со што го изразуваат револтот кон министерот за здравство, кој вети дислоцирање на центарот.
Во стационарот „Вардариште“ денеска почнаа градежните активности на двата објекта. Се демонтираат постојните метални боксови и елементи.