Среќни, шират позитивна енергија и премногу си ја сакаат својата работа. Колегите ги почитуваат и за нив велат дека се ангажирани и постигнуваат резултати во својата област. Toa се Макфире Шакири, позната како Маки 35 и Суза Мицевска од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“. Првата работи како возач и управува автобус, а втората работи како линиски контролор.
„Донеси стар уред и земи ваучер со попуст за нов“ е проектот на општина Центар и колективниот постапувач „Нула Отпад“ од Скопје кој и оваа година успешно го спроведоа, а воедно доби и хуманитарен карактер.
Наредната година буџетот на Град Скопје ќе изнесува 6,5 милијарди денари. Според предлогот, што денеска е на дневен ред на седницата на Советот, Градот планира инфраструктурни проекти, поддршка на локален економски развој и развој на туризмот, за изградба на паркови и зеленило…
„Јорганџиска улица“ во Старата скопска чаршија денеска симболично е инаугурирана во „Европска улица“.
Шефот на делегацијата на ЕУ Самуел Жбогар и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу денеска ќе ја инаугурираат ЕУ улицата во Старата скопска чаршија.
СТАР – првиот колектив на сексуални работници по 11-ти пат го организира Маршот на црвениот чадор, приклучувајќи се кон глобалното одбележување на Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници.
Лизгалиште „ЕУ за тебе“ денеска беше отворено на градскиот плоштад „Македонија“ во рамки на новогодишната населба „Винтерленд“. На отворањето присуствуваа скопскиот градоначалник Петре Шилегов и евроамбасадорот Самуел Жбогар. Првпат оваа година Делегацијата на Европската унија учествува во новогодишната програма на Град Скопје.
Активирана е зимската служба на Општина Центар, а фунцкионира и Кризниот штаб. Во моментов, нема поголеми излевања на вода или натрупувања со снег, соопшти општина Центар.
Во рамки на новогодишната населба „Винтерленд" на плоштад „Македонија" во Скопје од денеска ќе работи лизгалиште именувано „ЕУ за тебе".
Со делењето на 150 пакети со храна и прехранбени производи на 150 граѓани од висок социјален ризик, градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ и претставникот од Здружението банка за храна – БХМ Душко Христов денеска официјално го означија почетокот на реализацијата на проектот „Нула Глад“ во општина Центар.