Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје денеска спроведоа акција за расчистување диви депонии лоцирани во населбата Горно Лисиче, на граничниот реон меѓу општините Аеродром и Кисела Вода
Во сабота (4.05.2019 година), поради одржување на „Виз Ер Скопски маратон 2019“ дел од автобуските линии што сообраќаат на трасатата на која ќе се одржува маратонот ќе имаат изменет режим на сообраќање, а некои воопшто нема да бидат во функција.
Од Владата апелираат граѓаните навреме да го планираат времето за движење во центарот на Скопје во тек на посетата на папата Франциск во вторник следната недела и истакнуваат дека движењето за пешаците ќе биде непречено, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните улици.
Завршија активностите за целосна санација на покривот на ООУ „Лазо Ангеловски“ во населбата Ново Лисиче.
Прекин во водоснабдувањето утре од 9 часот до завршувањето на интервенцијата ќе имаат корисниците од улиците „Крсте Раковски“, „Атанас Иљоски“, „Вера Циривири Трена“, „Македонска преродба“, „Шидска“, „Јосиф Даскалов“, „Никола Вукмировиќ“, „Црногорска“, „Ѓурчин Кокале“, „Крушевска“, дел од „Борис Сарафов“, „Радушка“ и „Ангел Винички“ во општина Ѓорче Петров
Без електрична енергија утре од 8:15 часот до 15:30 часот ќе бидат потрошувачите во дел од селото Кадино и тоа околу „Деби“ маркетот, дел од ул.„11“ во општина Илинден, а од од 8:30 часот до 13 часот и киосците и другите објекти на бул.„Кочо Рацин“ пред Олимпискиот базен во општина Центар
По повод празникот на трудот „1-ви Мај“, односно заради закажаниот синдикален марш во организација на Сојузот на синдикати на Македонија, што ќе започне денеска во 11 часот во Скопје, Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје ќе воведе посебен сообраќаен режим за непречено одвивање на манифестацијата долж најавената маршута на движење на учесниците
По повод празникот на трудот „1-ви Мај“, односно заради закажаниот синдикален марш во организација на Сојузот на синдикати на Македонија, што ќе започне утре во 11 часот во Скопје, Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје ќе воведе посебен сообраќаен режим за непречено одвивање на манифестацијата долж најавената маршута на движење на учесниците.
Во пресрет на Меѓународниот ден на трудот - 1 Мај, екипите на Град Скопје деновиве ги чистеа видиковците, јавните зелени површини на излетничките места и во парковите.
Штандовите поставени на наведените локации ќе работат од 9:30 до 17:30 часот, почнувајќи од утре до 3 мај и ќе служат и за информирање на граѓаните за посебните безбедносни и организациски правила