Под слоганот „Шарени бои за поддршка на различноста“, Општина Аеродром и ООУ„Александар Македонски“ го одбележаа Светскиот ден на лицата со Даунов синдром.
Локалните самоуправи во скопскиот регион во 2017 година склучиле 33 договори за јавни набавки без објавување оглас. Вкупната вредност на овие набавки била 1,36 милиони евра од кои дури 12 милиони или 40 отсто од овие договори припаѓа на Градот Скопје.
– Во тек е редовното пролетно уредување на јавните зелени површини во градот. Оваа пролет е предвидено да се засадат повеќе од 1.200 повеќегодишни висококвалитетни листопадни и зимзелени садници во сите скопски општини. Работиме и на обновување на средишното булеварско зеленило. Градот од оваа пролет ќе биде побогат и за неколку нови паркови чие оформување е во тек, рече Шилегов.
Без водоснабдување утре од 10 часот ќе биде хотелот „Парк“ и корисниците во околината на Градскиот парк и стадионот „Филип Втори“, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-РЦУК
Дел од корисниците од селата Бадар, Петровец, Чојлија, Катлановско Блаце, Кожле, населбата Катланово, објектите на патот за селото Огњаци и тунелот Катланово утре од 8:55 до 13 часот ќе останат без електрична енергија
Дел од булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“, на потегот од улицата „Ферид Бајрам“ до улицата „Боца Иванова“, денеска од 7 часот е затворен за сообраќај поради изведување градежни активности за асфалтирање на коловозот.
Од денеска (20.03.2019 година) поради асфалтирање на коловозот на дел од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел автобуските линии 8, 47, 57, 57А, 59, 61, 47А и 71 ќе возат по друга траса од вообичаената.
Поради поврзување на нова мрежа ф-150 на ул. „Аминта Трети“, во градскиот парк, утре без вода ќе останат Хотел Парк и корисниците околу Градскиот Стадион „Филип Втори“
Градот Скопје ги известува граѓаните дека од утре (20.03.2019 година, среда) од 7 часот целосно ќе биде затворен за сообраќај делот од булеварот Христијан Тодоровски Карпош на потегот од улицата Ферид Бајрам до улицата Боца Иванова, поради изведување градежни активности за асфалтирање на коловозот. За време на градежните работи, сообраќајот во овој дел од градот ќе биде пренасочен по околната улична мрежа.
Со првиот лет на авиокомпанијата „Виз ер“ од меѓународниот аеродром „Скопје“ до германски Баден-Баден денеска официјално беше одбележано воведувањето на две нови дестинации од скопскиот аеродром.