На веб – страницата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска е објавен меѓународниот тендер за набавка на нископодни CNG автобуси.
Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Сарај, Студеничани, Кисела Вода, Илинден, Карпош, Аеродром, Илинден и Центар
По повод одбележувањето на Светскиот ден на рециклирањето, невладината организација за екологија „4SELECT“ денеска го промовираше проектот „Лулка-за чиста Матка“, во којшто учествува и ЈП „Комунална хигиена“-Скопје
По повод десет години од организирање на манифестацијата „Робомак“ и 60 години од постоење на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), денеска се одржа свечено отворање на „Робомак 2019“ во организација на факултетот. Годинава, факултетот организира „Недела на роботика“ во чии рамки ќе се реализираат низа активности наменети за најмладите- учениците од основните училишта, средношколците и студентите.
Европскиот шампионат во шах во поединечна конкуренција беше свечено отворен на церемонија, што се одржа во хотелот „Хилтон“, во Скопје.
По извршената реконструкција на пливачкиот базен и извршеното тестирање на целиот систем, денеска ќе биде отворен уште еден пливачки базен во склоп на затворениот објект со базени во СЦ „Борис Трајковски“.
Во периодот од 17.30 часот на 17.03.2019 до 01.00 часот на 18.03.2019 година од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје беше спроведена акциска контрола на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје со цел откривање и санкционирање на т.н. „диви тркачи“.
Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (ФЕИТ) од денеска организира Недела на роботика по повод 10 години од организирање на манифестација Робомак и 60 години од постоење на ФЕИТ.
Македонскиот репрезентативец и капитен на Вардар, Стојанче Стоилов и неговиот брат Стефан се приклучија на кампањата „НеБидиЃубре“ предводена од актерката Ирена Ристиќ.
Комбе кое превезувало патници остана без тркало среде булевар во Скопје, на кружниот тек во општина Ѓорче Петров што предизвика паника кај патниците и другите учесници во сообраќајот.