Генералниот директор на Универзитетот ФОН, Сефер Цаноски и директорот на Европскиот Институт „CIFE“ од Ница, Франција, Матијас Вахтер денеска информираа дека го почнуваат процесот за заеднички студии, двојни дипломи, краткорочни и долгорочни курсеви, како и летни и зимски школи од областа на евроинтеграциите. Програмата ќе биде насловена „We bring Europe!“
Во јануари и февруари 2019 непознати лица опожариле вкупно 40 контејнери на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, соопштија од јавното претпријатие.
Во мај годинава во општина Карпош треба да почне изградбата на спортско-адреналински парк на три нивоа кој ќе се протега на површина од 1.600 метри квадратни. Планирано е да се реконструира и детското игралиште на површина од 480 м2, скејт-паркот на 1.100 м2, а ќе биде изградено и ново игралиште за одбојка и фудбал на песок.
Советот на Град Скопје ја прекина денешната 30-та седница на чиј дневен ред беа две точки, поврзани со изборот на приватен партнер за вршење концесиска дејност и вложување во Јавното претпријатие за депонирање на комунален отпад „Дрисла“.
Можностите за продлабочување на меѓусебната соработка помеѓу двете општини, размена на искуства и реализација на проекти од заеднички интерес се темите на кои разговарале денеска градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ и градоначалникот на Општина Центар Сараево, Неџад Ајнаџиќ.
На кампусот технички факултети, денес, официјално беше отворен шестиот Саем за вработување и пракса КОНТАКТ 2019. Саемот се состои од едукативен и саемски дел.
Стрип центарот на Македонија – Велес и градот Скопје отвораат јавен повика за стрип автори на традиционалниот стрип конкурс „Стрип фестивал-Скопска стрип акција“.
Градот Скопје, со цел да ги стимулира жителите на Скопје да користат велосипеди, распиша јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипед.
Здружението на офталмолозите на Македонија и ЈЗУ Универзитетска клиника за очни болести денеска во Скопје организираат акција за подигнување на свеста за глаукомот во рамки на која ќе бидат извршени бесплатни мерења на очниот притисок на заинтересираните граѓани.
– До крајот на март ќе имаме една целосно нова реконструирана улица, побезбедна за движење на возилата и пешаците, со оглед на тоа што вршиме целосна обнова на коловозот и на тротоарот, нагласи Шилегов, по повод реконструирањето на улицата „Братфордска".