Директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани и ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ , Азис Положани, денеска потпишаа меморандум за соработка при реализацијата на едукативни програми и изведувањето практична настава и работа за студентите, како и подготовка на заеднички програми за научно-стручно оспособување и усовршување на кадри од областа на животната средина, информираат од претпријатието.
Сообраќајната полиција и „Пајак службата“ на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје во текот на месец февруари санкционираа и отстранија 799 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар.
Советот на Град Скопје на денешната седница донесе одлука за формирање ново јавно претпријатие за хуман третман на животните скитници, а ќе го носи името „Лајка“.
По повод верскиот празник Задушница, утре и задутре на редовните линии 59 (Карпош 3-Кучевишка бара/Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче-Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода-Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси, информираат од ЈСП.
Сообраќајната полиција и „Пајак службата“ на ЈП „Паркинзи на општина Центар“-Скопје во текот на февруари санкционираа и отстранија 799 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар.
Државниот градежен инспекторат ќе ја утврдува состојбата на терен за дивоградбата кај кањонот Матка за која Општина Сарај не постапува и откако бесправноста ја констатираше инспекторатот на Град Скопје, и ќе донесе соодветни одлуки во однос на евентуално одземање на ингеренциите во урбанизмот на општината.
Во Скопје денеска ќе биде промовиран проектот „Безбедни семејни паркинг зони“ чија главна цел е да се подигне свеста за безбедност во сообраќајот на ранливите категории, особено на бремените жени и на возачите на возила во кои се преведуваат деца до тригодишна возраст.
Градските власти информираат дека продолжува акцијата за доделување субвенции за чистење на оџаците со цел намалување на загадувањето на амбиентниот воздух.
Легализацијата на дивоградбите во Република Северна Македонија мора да престане, особено на начинот што досега се одвиваше, начин што за сите единици на локална самоуправа предизвикуваше само проблеми, товари и давачки.
Образовно и научно-истражувачката установа Лондон Метрополитен Универзитет од Велика Британија во јуни годинава ќе ги почне уписите на овластената партнерска установа Скопје Метрополитен. Првата академска година почнува во септември, а студенти од нашата земја за првпат ќе имаат можност да добијат диплома од една ваква образовна институција, посетувајќи настава во Скопје.