Масевски беше дел и од панел дискусијата, а во разговор со дописничката на МИА од Атина, говори за соработката на македонската и грчката престолнина, за проектите на општина Атина, кои би можеле да се адаптираат и применат во град Скопје.
Отворен ден во хотелот „Мериот“ во Скопје денеска од 16 до 20 часот организира Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити колеџ, за да ги претстави разновидните академски програми што ги нуди на својот кампус во Солун..
Потврдувајќи ја заедничката заложба и интерес за унапредување на соработката во областа на едукацијата, обуката на кадри и организирањето кампањи за подигнување на свеста кај населението за креирање и оддржување на еколошки амбиент, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје и Универзитетот на Југоисточна Европа, преку својот Институт за животна средина и здравје, денеска потпишаa Меморандум за соработка.
Небезбедна за пиење е водата од јавната чешма во село Драчево и таму е поставена табла со соодветно укажување, соопшти денеска Општина Кисела Вода.
Потенцирајќи ја повторно својата општествено одговорна мисија и стратегија да биде долгорочен партнер на заедницата и на оние на кои најмногу им е потребна помош, Битолска млекара денес оствари голема донација за Дневниот центар за деца на улица „Шуто Оризари“.
Во втората половина на октомври, Скопје ќе биде домаќин на Вториот светски конгрес на претприемачи. За таа цел денеска се одржа средба на премиерот Зоран Заев и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска со претседателот на Управниот одбор на Меѓународниот економски форум „Перспективи“ и генералниот секретар на Светскиот конгрес на претприемачи Винко Ќуро.
Услуги од 10 институции на едно место од денеска им се на располагање на скопјани. Во поранешната зграда на Комерцијална банка е отворена сала за јавни услуги со што Министерството за информатичко општество и администрација го почна проектот „Една точка за услуги“ преку кој во иднина ќе отвори канцеларии со таква намена и во останатите градови.
Сакаме да ја информираме јавноста дека од претстојниот викенд (23-24.02.2019 година) ќе биде зголемен бројот на поаѓања на автобуси на линијата 25 (Транспортен центар-Средно Водно). На посочената линија во ударните термини ќе возат по уште 2 автобуса за разлика од досега.
Министерот за образование и наука Арбер Адеми, францускиот амбасадор Кристијан Тимоние и градоначалникот Стефан Богоев денеска ги посетија спортската сала „Наум Наумовски – Борче“, позната како „Партизан“ и Основното општинско училиште „Братство“ во Општината Карпош.
Во Скопје денеска ќе биде промовиран првиот македонски календар со фотографии од пожарникари-спасители на Скопската противпожарна бригада.