Инспекторите на Град Скопје денеска извршија вонреден инспекциски надзор во просториите на Специјалната болница по гинекологија и акушерство во Чаир, по пишувањата во медиумите дека котелот што се користи за загревање на просториите и на водата за потребите на болницата чади и прекумерно загадува.
Поради изведување технички зафати во дистрибутивната електроенергетска мрежа, утре без снабдување со струја ќе останат корисниците од општините Центар и Карпош, информираат од РЦУК по добиено известување од ЕВН АД Македонија.
Здружението „Канцерогено општество“ по една недела денеска повторно организира протест пред Собранието на Република Македонија за да ги алармира надлежните за опасно загадениот возхух и неговите штетни последици. Кристијан Узунов од Здружението рече дека доколку Владата не закаже итна седница, ќе ги радикализираат протестите и ќе блокираат сообраќајници низ државата.
ЈП „Комунална хигиена“-Скопје соопшти дека во рамките на интервентните мерки за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во градот, започнале масовна акција за чистење, што ќе се одвива на територијата на сите скопски општини.
Со денешното потпишување меморандум Градот Скопје и Управата за извршување санкции ги поставија основите на меѓусебна соработка за јакнење на казнено-поправниот систем и пробациската служба.
Како што соопшти општината, пред жителите од овој дел на градот планот беше стручно објаснет од планерската куќа која го изведува урбанистичкото решение.
Општина Карпош од денеска продолжува со акцијата за субвенционирање на купување на нови велосипеди.
Осудените лица на полесни кривични дела за кои е пропишана затворска казна под три години ќе извршуваат општокорисна работа во јавните претпријатија на Град Скопје. Со тоа почнува во пракса да се применува пробациската служба согласно Законот за пробација донесен во 2015 година.
Во пресрет на претстојниот викенд, сакаме да апелираме до сите граѓани кои планираат да го посетат Водно со автомобил, да се паркираат прописно на обележаните паркинг места, како возилата на ЈСП Скопје би стасувале непречено до крајната станица на Средно Водно.
Скопје Зоо добива мини зоолошка градина за најмладите. По теркот на европските и светските и во скопската зоолошка ќе се отвори Бејби Зоо. Тоа е заградена мини зоолошка градина каде што ќе има мали безопасни животни и каде што децата во присуство на Зоо негувател ќе може поинтеркативно да се запознаат со животните, да си играат и да се фотографираат со нив.