Синојќа Скопје повторно се најде на листата на најзагадени градови во светот.
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска на прес-конференција соопшти дека донел одлука Град Скопје да почне постапка за формирање ново јавно претпријатие што ќе биде задолжено исклучиво за третман и за благосостојба на уличните животни.
ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје ги информира граѓаните дека кабастиот отпад, во што спаѓа стариот мебел, електронските и електричните апарати, може да го одложат во Центрите за селекција на отпадот во Карпош и во Вардариште, секој ден во неделата, во терминот од 07 до 19 часот, без плаќање на паричен надомес.
Скопје за неколку месеци ќе добие свој Retail Park каде ќе бидат лоцирани познати модни бендови, како и продавници за техничка стока, покуќнина и мебел како што се „Нептун“, „Jysk“, „LC Waikiki“, „Sport Vision“, „KFC“, „Zegin“. Планирано е да има и супермаркет, банка, кафетерија, ресторан и игротека за деца, а предвиден е и паркинг простор за над 300 возила.
Движењето за чист воздух утре во 12:05 часот пред вратата на депонијата „Дрисла“ ќе одржи 15-минутна блокада.
Градоначалникот Петре Шилегов вели дека со гасификацијата ќе се обезбеди почиста средина, а доколку градот Скопје ја одбие на управување топловодната мрежа на тој начин ќе се помогне и на посиромашните граѓани.
Во Струмица од вчера на сила се препораките и мерките против загадувањето, бидејќи во претходните два дена е надминат прагот на алармирање на ПМ 10 честичките од 200 микрограми на метар кубен.
Најидеална локација за изградба на новиот клинички центар е онаа во Ѓорче Петров блиску до обиколницата, а изградбата би требало да почне на крајот на оваа година.
Проектот преку кој се ангажираат лични и образовни асистенти за учениците со посебни образовни потреби од основните училишта во Општина Аеродром во изминатите шест месеци даде позитивни резултати.
Во дворот на средното училиште „Михајло Пупин“ денеска почна да се гради полигон за тренинг на електро-монтери и електро-техничари. Преку овој проект учениците ќе можат да конкурираат за паралелката во која ќе се здобијат со стручност и компетенции преку кои ќе им се отвори можност да се вработат во ЕВН откако ќе го завршат школувањето.