Детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски заедно со тим од Детската хирургија од 1 февруари ќе почнат да работат во Клиниката „Жан Митрев“.
Изминатите 24 часа во Скопје полицијата санкционирала 34 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената.
ЕВН денеска ќе го означи почетокот на градбата на полигонот за тренинг на електро монтери и електро техничари во СЕТУ „Михајло Пупин“ во Скопје.
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов по потпишувањето на Договорот најави дека со првата набавка на нови автобуси во ЈСП по седум години целосно ќе се замени застарениот возен парк на ова претпријатие.
Воздухот во Скопје од вчера е повторно со високи концентрации на ПМ10 честички, а според мерењата на Министерството за животна средина и просторно планирање во текот на ноќта достигнале и над 300 микрограми на метар кубен.
Договор за заем со кој треба да се набават нови нископодни автобуси за Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ќе биде потпишан денеска во Министерството за финансии.
Несовесното флање отпад на јавни површини, односно надвор од наменски поставените садови ги создава дивите депонии. Секое непрописно одлагање на отпадот надвор од поставените садови претставува прекршување на Законот за јавна чистота и истовремено директно влијае врз загадувањето на животната средина и здравјето на луѓето.
„Четворица дневно умираат чекајќи чист воздух" и „Ставете налепници на тешката индустрија", се само некои од транспарентите што може да се видат на денешниот мирен протест во Скопје поради загадувањето.
Министерството за здравство ја известува јавноста дека поради зголемениот број на пациенти заболени од морбили, преземаме дополнителни мерки да се спречи ширењето на болеста.
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје вечерва соопшти дека со 40 работници од дежурната служба спроведува активности за чистење на снегот од скопските булевари и поголемите градски улици.