Професорите Коста Митрески од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и Живко Давчев од Факултетот за земјоделски науки и храна изготвиле проект за прочистување на воздухот со турбо смог-атомизер, преку примена на аeросолна метода.
Пред Собранието на Република Македонија утре во 13 часот ќе се одржи мирен протест во организација на група граѓани кои, како што велат, се загрижени за состојбата на воздухот и на тој начин сакаат да го искажат својот револт.
Поради зголемениот број пациенти заболени од морбили, во три пункта во поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит- пазар“ и „Ѓорче Петров“ има дежурни лекари секој работен ден од 19:30 часот до 7:30 наутро, а за викендите се на располагање 24 часа.
Од денес, на интернет страницата на општина Кисела Вода, почнува да функционира еко канал. Истиот ќе понуди едукативни текстови поврзани со заштитата и унапредувањето на животната средина, справувањето со еколошките ризици, заштитата на природата, водите, почвата, управувањето со отпадот, аерозагадувањето, климатските промени и слично.
Поради стопирање на приклучна цевка утре прекин на водоснабдувањето ќе имаат корисниците од улицата „Партизанска“.
Советот на Град Скопје на денешната седница гласа за Одлуката за согласност на инвестиционата програма за 2019 година на јавното претпријатие Градски паркинг – Скопје. Во рамките на оваа програма Град Скопје преку ЈП Градски паркинг предвидува нови 1.500 паркинг места во градот во текот на оваа година.
Градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин, денеска се сретна со претставници од Здружението на глуви и наглуви на Град Скопје.
Општина Кисела Вода за дечињата кои ги посетуваат објектите на двете јавни детски градинки што се под нејзина надлежност, обезбеди 2.500 маски што ќе им помогнат за заштита на здравјето од аерозагадувањето. За таа цел, од општината информираат дека претседателот на Советот на Кисела Вода Дарио Шимиќ, денеска во ЈДГ „8-ми Март“, во објектот „Расадник“ на децата им подели маски за заштита од загадениот воздух.
Бездомните лица под Кале ќе бидат згрижени во установи за социјална заштита, одлучи Владата на денешната седница.
Во општина Шуто Оризари ќе се градат два нови парка со кои се уредуваат и опремуваат две детски игралишта.