Дваесет и петгодишниот Кристијан Ниневски од Скопје го фати светиот крст што архиепископот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан го положи во водите на реката Вардар во Скопје.
Жителите на главниот град сакаат брз, еколошки и функционален јавен транспорт во Скопје. Градските власти, пак, велат дека со зголемувањето на бројот на жители планирањето на развојот на јавниот автобуски превоз во Скопје станува сериозен предизвик и мора внимателно да се одвива.
Ноќеска еден час по полноќ Скопје бил на првото место меѓу градовите со најголемо аерозагадување во светот.
По добиеното соопштение од Министерството за животна средина и просторно планирање за надминување на ПРАГОТ ЗА ИНФОРМИРАЊЕ каде вредноста на ПМ10 честичките во воздухот над 100 µg/m3 во текот на два последователни дена на минимум две мерни станици во Скопје, градоначалникот на Град Скопје ги објавува следниве препораки до граѓаните:
Град Скопје ги објави добитниците на Конкурсот за финансирање на манифестации, проекти и творештво на други корисници и чинители преку кои се остварува локалниот интерес во културата за 2019 година. На конкурсот што беше распишан на 15.10.2018 година пристигнаа 411 комплетни апликации.
Во пресрет на верскиот празник Водици (19.01.2019 година), сообраќајната полиција при СВР-Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.
Сто и четириесет лица се пријавени за учество во традиционалното спуштање на крстот во реката Вардар, што ќе се одржи во центарот на Скопје, по повод Богојавление – Водици, информираа од Скопската епархија.
Град Скопје изминатиов период изврши реконструкција на делови од објектот на библиотеката „Другарче“.
Деведесет и две лица досега се пријавени за учество во традиционалното спуштање на крстот на 19 јануари на Богојавление – Водици во Вардар во центарот на Скопје, информираа за МИА денеска од Скопската епархија.
Инспекцискиот надзор, зазеленувањето, загревањето на домовите и транспортот се четирите сегменти од Планот за чист воздух што се во надлежност на Град Скопје, а за кои се разговараше на денешниот отворен ден за иницијативи на граѓанските организации на тема „Консултација за Планот за чист воздух за 2019 година и временската рамка за спроведување на истиот“, што се одржа во Владата на Република Македонија.