Од 13 часот нормализирана е испораката на топлинска енергија на потрошувачите во општина Аеродром кои поради дефект на вреловод во утринските часови останаа без парно греење, информираат од БЕГ.
Градските власти успешно се справуваат со снегот што од утрина врне во главниот град, порача денеска градоначаникот на град Скопје Петре Шиелгов.
Зимската служба на Општина Аеродром од утрово работи на расчистување на снегот од улиците и пешачките патеки во Горно и Долно Лисиче, населбата Лисиче, како и улиците Тодор Чангов и Ѓорѓи Капчев.
Во Скопје денеска се одржа детска бадникова поворка како предвесник на утрешниот христијански празник Рождеството Христово – Божик. Децата учесници во бадниковата поворка се собраа на платото пред црквата „Св.Димитриј“, каде се одржа голема божикна манифестација со Божиќен концерт и Божиќна претстава.
Со традиционалното делење на бадниковите гранчиња и народен собир на платото пред Соборниот храм „Свети Килмент Охридски“ во Скопје се одржа 27-то скопско бадникување, во организација на Здружението на граѓани Одбор за прослава на Бадник.
Екипите на зимската служба на Град Скопје интензивно работат на терен на расчистување на снегот од коловозите и тротоарите на градските улици и булевари.
Посебен сообраќаен режим денеска од 11 часот ќе има околу Соборниот храм во Скопје поради одржување на манифестацијата Бадникови поворки.
И покрај апелот на градските власти и на МПЦ скопјани да се воздржат од палење бадникарски огнови со цел да се заштити животната средина и воздухот, бадникарски огнови вечерва се палеа низ главниот град, а фотографиите од нив се споделуваа и на социјалните мрежи.
Потршувачите на системот за централно греење во индивидуалните станбени објекти – куќи, деловни објекти и објекти за образование поради ниските темпратури да не го исклучуват греењето заради заштита на грејните инсталации од замрзнување, апелират до корисниците од Снабдување со топлина Балкан енерџи
Посебен сообраќаен режим утре од 11 часот ќе има околу Соборниот храм во Скопје поради одржување на манифестацијата бадникови поворки.