Вакциналните пунктови „Јане Сандански“, „Бит пазар“ и „Букурешт“ ќе работат денеска и утре во две смени, во периодот од 07:30 до 19 часот, информираа од Министерството за здравство.
По повод претстојните божиќни празници Ве известуваме дека на 06 и 07.01.2019 година сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат бесплатни за сите граѓани на Р.М.
Град Скопје апелира до граѓаните да се воздржат од палење огнови на отворено по повод прославата на божиќните празници со цел да се заштити животната средина и амбиенталниот воздух.
Државниот студентски дом „Скопје“ ја информира јавноста дека се идентификувани студентите кои поставиле мобилен телефон со камера на надворешната страна на прозорецот на тоалетот на третиот кат во студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“, лоциран во центарот на главниот град.
За време на новогодишните празници, вкупно десет садови за собирање на комуналниот отпад на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје беа запалени и уништени во целост.
Министерството за здравство во текот на вчерашниот ден прогласи епидемија од морбили (мали сипаници) на целото подрачје на град Скопје, со што од денеска, 3.1.2019 година, стапува во сила привремена мерка забрана за носење на сите невакцинирани деца од МРП-вакцината во сите градинки на подрачјето на градот.
Возниот ред на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ е редуциран поради новогодишните и божикните празници и зимскиот училишен распуст.
Кон крајот на годината, во рамки на новогодишната прослава скопјани можеа да уживаат во населбата „Винтерленд“ на градскиот плоштад „Македонија“, да се рекреираат на лизгалиштетото „ЕУ за тебе“.
Секоја година, на 1 јануари, по завршувањето на новогодишната прослава екипите на ЈП „Комунална хигиена" – Скопје го собираат отпадот и го метат градскиот плоштад.
Осум пожари се регистрирани на територијата на Град Скопје за време на новогодишната ноќ. Како што велат за МИА од Територијалната противпожарна единица, дежурните екипи интревенирале од 19 часот вчера до седум утрово.