ЈП Водовод и канализација - Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје ги известуваат корисниците коишто имаат заостанат долг за потрошена вода и смет (тужен и редовен) дека имаат можност да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање.
Фатмир Етеми сопственикот на парцелата кај Мајчин дом кој има одобрение за градба од осум ката, вели дека ги разбира граѓаните кои протестираат, но дека тоа земјиште е негов приватен имот.
Револтирани граѓани од Општина Аеродром денеска повторно се собраа да протестираат против изградба на зграда на зеленилото кај „Мајчин дом“.
Градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин денеска на прес-конференција информира дека е стопирана изградбата на зградата пред Мајчин дом поради неправилности во градилиштето. Забраната важи 15 дена.
Европската фудбалска Асоцијација (УЕФА) ја прифати иницијативата на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), СОС Детско село - Македонија да добие награда 50.000 евра од Фондацијата за деца.
Град Скопје ќе набавува шест хибридни возила и едно патничко транспортно возило за превоз на девет патници. Вкупна вредност на набавката e предвидена до 8.200.000,00 денари, со вклучен ДДВ.
Околу 180 бездомни лица од Скопје веќе 10 години имаат можност да ги користат услугите на пунктот за бездомни лица во Момин Поток. Двапати неделно тие добиваат совети и поддршка од психлог, социјален работник, здравствени услуги, лекови, облека, а одржуваат и лична хигиена.
Министерството за труд и социјална политика го заврши вонредниот инспекциски надзор во градинката „Буба Мара“ во Ново Лисиче, направен вчера, по писмен допис на родител. При надзорот, освен што се земени писмени изјави од директорот, психологот и педагогот, МТСП го задолжи раководството на градинката во најкраток можен рок да го расветли случајот.
Советот на Град Скопје на денешната 19-та седница ќе расправа за поголем број одлуки, меѓу кои и Одлуката за определување максимален износ за доделување поединечна субвенција на граѓаните за купување електрични тротинети за 2018 година.
Неколку илјади посетители во изминатите три дена уживаа во интерактивните светлосни поставки, пеформанси и инсталации на 23 странски и домашни светлосни уметници на првиот фестивал на светлината „Skopje Light Art District“, кој заврши синоќа во Скопје.