Во Скопје вечерва дува ветер со брзина од 90 километри на час. Засега не се пријавени материјални штети.
Град Скопје и Јавното претпријатие „Градски паркинг“ во насока на зголемување на соработката со општините Охрид и Штип ќе донираат специјално возило „пајак“.
Град Скопје потсетува дека до 31 август оваа година трае јавниот повик за субвенции за адаптирани велосипеди за лица со телесна инвалидност.
Децата во парковите повеќе не се безбедни. Дојде Живот во Аеродром!, пишува на Фејсбук страницата „Аеродром во моето срце“.
Спортско-адреналинскиот парк „Карпош“ ќе почне да се гради на кејот на реката Вардар. Оваа одлука денеска ја донесоа советниците на општина Карпош на 12-та седница.
Постојано слушаме за животни од целиот свет кои предвидуваа победници на светски и европски првенства во фудбал. Најпознат прогнозер беше октоподот Пол, а неодамна сибирскиот тигар од Зоолошката во Краснојарск предвиди победник во полуфиналето на Светското фудбалско првенство.
Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје, Абдусамед Шабани и заменик-министерот за здравство, Асим Муса денеска најавија многу скоро решавање на проблемот со одржување на хигиената и чистење на дворот на Клинички центар, но не прецизираа дали Центарот ќе го исплати долгот што го има кон ова јавно претпријатие.
Авионската дезинсекција на подрачјето на Скопје против ларви од комарци ќе се изврши в сабота, во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција ќе се изврши в понеделник, во текот на денот.
Самостојните такси возачи од Скопје втор ден денеска ја блокираат крстосницата меѓу Трговскиот центар Мавровка и судовите со барање да им се овозможи користење на дел од старата такси постојка на Бит Пазар.
Скопјани да ги почитуваат термините за одлагање отпад. Комуналниот отпад само да го одлагаат во садовите со таа намена, а кабастиот отпад (застарен мебел, електронски и електричен отпад) со сопствен превоз бесплатно од денеска ќе можат да го одлагаат во Центрите за селекција на отпад во Карпош и во Вардариште или во Претоварната станица која се наоѓа во Шуто Оризари.