Додека не ги анализираме сите документи и не утврдиме каде завршиле буџетски пари, кај кои физички или правни лица се одлеале, дали се тие во Република Македонија или надвор и кој ги користи, нема да отвориме истрага за одредени лица.
Уште 26 станбени објакти во општина Центар ќе добијат енергетско-ефикасни фасади, во рамки на реализацијата на проектот на општината чија цел е поквалитетен живот на граѓаните и голема финансиска заштеда за нивните семејни буџети.
Конференција на тема „Заробена држава - илустрирана преку случајот - изградба на проектот „Скопје 2014“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Транспаренси Интернешнл Македонија.
Хуманитарен гурмански хепенинг - Светски пикник, ќе се одржи денеска во Градскиот парк во Скопје, во организација на Стопанската комора на Македонија и Советот на странски инвеститори.
Автобуската линија со број „22“ на ЈСП Скопје утре од 12 до 13 часот ќе сообраќа само до населбата „Даме Груев“ поради најавениот протест напладне на група граѓани од Ново Село на улицата „1“ пред складот на „Макпетрол“.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска го посети Планинарскиот дом на Водно, кој на барање на планинарите ќе биде реконструиран.
- Министерството за внатрешни работи го почитува правото на слободно и јавно изразување на мислата, но истовремено апелира граѓаните да се воздржат од преземање на насилни активности за да се сочува јавниот ред и мир, стои во соопштението.
Концерт „Квин симфони шоу“ на кој ќе настапи познатиот „Квин ријал трибјут“ бенд од Србија заедно со оркестарот на Македонската филхармонија и Хорот на Македонската опера и балет ќе се одржи вечер во 21 часот во Градскиот парк во Скопје.
Со одлука на Советот на Град Скопје, се основа новото јавно претпријатие „Градски Енергетски Системи АД Скопје“ кое ќе врши енергетски дејности, информираат од Град Скопје.
Сите наши активности, се додава, се одвиваат во согласност со законите на Република Македонија и согласно со одредбите на важечките лиценци, па оттука ние продолжуваме со нашите активности за подготовка на новата грејната сезона, во интерес на потрошувачите.